На ФЕИТ „Воведен час за кодирање“ за средношколци

Од:

Повеќе од 70 средношколци од 9 училишта, годинава, учествуваа на 4-тиот интернационален настан „Hour of Code“ (Воведен час во кодирање), кој се одржа на Факултетот за електротехника и информациски технологии во Скопје. Овој меѓународен настан има цел да ги воведе младите во светот на програмирањето и информатичките науки.

Средношколците во просториите на ФЕИТ имаа едначасовна можност да се запознаат со концептите и практично да реализираат проект – игра.Настанот го организира Студентскиот парламент на ФЕИТ во соработка со демонстратори од институтот Компјутерскитехнологии иинженрство на Факултетот и со поддршка од компанијата Netcetera.

„На Hour of Code учествуваа голем број ентузијасти, луѓе што го сакаат програмирањето и што имаат желба да го продолжат своето образование во оваа област. Овој час овозможи да креираат нешто интересно употребувајќи ги своите вештини и креативност, а притоа да се забавуваат и научат нешто повеќе во светот на програмирањето”, вели Теа Вељковиќ, еден од организаторите и демонстратор на настанот.

“Hour of Code” за првпат се организираше во Македонија по иницијатива на Студентскиот парламент на ФЕИТ во 2014-та година и прераснува во традиционален настан кој ги воведува младите луѓе со светот на програмирањето.

Би можело да ве интересира

Раст на платите во јавната администрација и образованието ќе има следната година

Независниот синдикат порачува: Нека се скрати на превоз на пратеници, на апанажи, на службени возила и ќе има пари и за просветните работници

Предраг Петровиќ

Јаневска: Нашите ученици каснат многу во однос на нивните врсници во Европа

(ВИДЕО) Баковска: Нема образовни асистенти во училиштата, гневни се родителите на децата

Наставниците нема да добијат зголемување на платите во септември, ќе има во март

Филипче: Наставниците и работниците се разочарани, платите со оваа Влада нема да растат