МЗ: Вакцина против сезонски грип примиле 50 илјади граѓани

Од:

За вакцинација против сезонски грип досега се пријавиле над 71 илјада граѓани, што покажува голем интерес на луѓето да се заштитат од компликации. Во пунктовите за вакцинација досега се вакцинирани над 50 илјади лица, информираат попладнево од Министерството за здравство.

– Исто така, во центрите за хемодијализа се вакцинирани илјада, а во домовите за стари лица, вакцина примиле над 300 луѓе, појаснуваат оттаму.

Потсетуваат дека вакцинацијата против сезонски грип претставува најефикасна мерка за превенција, спречува појава на потешки форми, компликации и смртен исход, особено кај ризичните групи.

– Пријавувањето се врши со пополнување на апликацијата на вакцинација.мк и со тоа, директно се регистрира за вакцинација во системот „Мој термин“. Со бесплатна вакцинација се опфатени ризичните групи население, додаваат од Министерството за здравство.

Би можело да ве интересира

70 деца на лекување во Козле, 15 со компликации од грип

Д-р Мицевска: Околу 20 деца со грип хоспитализирани на Детската клиника

Почина пациентка од грип, уште двајца пациенти на респираторна поддршка на Инфективна

Горан Наумовски

Грипот го достигнува пикот – Клиниката во Козле е речиси со комплетно исполнет капацитетот

А1он

Во Аеродром, Карпош и Центар низок опфат со МРП вакцина, висок ризик од појава на епидемија со морбили

Грипот зема уште еден живот – почина пензионер од Штип