МВР: Уапсени се осум лица, а поднесени се кривични пријави против 11 лица поврзани со клубот „Пулс“ во Кочани

Од:

Полициски службеници во координација со Основното јавно обвинителство Кочани, денеска преземаа активности на неколку локации низ државата, при што лишени од слобода се осум лица. ОВР Кочани до ОЈО Кочани поднесе кривични пријави против 11 лица за коруптивни кривични дела поврзани со работата на клубот “Пулс”, од кои осум се денеска лишени, а тројца се претходно обезбедени и за нив се веќе одредени мерки, извести МВР.

„Двајца даночни контролори Д.П. и Д.Д. од Службата за даночна контрола при Регионалниот даночен инспекторат во Регионална дирекција Штип, се пријавени дека ја искористиле својата службена положба и овластување и пристапот до податоци и информации за ненајавени контроли во правни субјекти – даночни обврзници и со цел да прибават противправна имотна корист и подароци му ги откривале информациите и го предупредувале за контролите одговорното лице во клубот. Тие се пријавени за – Примање поткуп од член 357 од Кривичниот законик, додека одговорното лице М.Ј. – син на реалниот сопственик на “Пулс” е пријавен за – Давање поткуп од член 358 од Кривичниот законик.

Шестмина пријавени, Д.Ч., А.Ч., А.К., А.Ч., Н.Т. и А.К., даночни инспектори и управници од регионалните дирекции на УЈП во Штип и Струмица, им овозможувале на правните субјекти “ММММ кафе” и “Пулс” да ги избегнуваат даночните контроли и да работат без соодветна фискализација, со што се осомничени дека сториле – Злоупотреба на службената положба и овластување согласно член 353 од Кривичниот законик.

Сопственикот на “Пулс” Д.Ј. е пријавен за Фалсификување исправа според член 378 од Кривичниот законик, бидејќи подолг временски период свесно и со умисла за време на контроли од Управата за јавни приходи приложувал преправени фискални апарати со контролни фискални извештаи со невистинити податоци, кои истиот ги употребувал како вистински, а се со цел и намера избегнување на парични глоби и затворање на објектот.

Осомничена е и инспекторка од Државниот пазарен инспекторат В.К. која исто така е опфатена со претходната постапка и за која сега се обезбедени дополнителни докази и за кривично дело Оддавање службена тајна од член 360 од Кривичниот законик поради откривање информации за ненајавени контроли, тврди полицијата.

Би можело да ве интересира

Обвинителството започна истрага против 11 лица за коруптивни кривични дела поврзани со работата на клубот „Пулс”

Горан Наумовски

Приведени се десетина вработени во УЈП Штип, поврзани со случајот „Пулс“

ВИДЕО: Браво за обвинителите, на адвокатите треба да им е срам, порачаа родителите на загинатите во „Пулс“

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Обврска и одговорност на судот е да има правда за случајот со „Пулс“

Родителите на жртвите со солзи и аплауз по воведниот збор на Обвинителството за случајот „Пулс“

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: Единствено што прави СДСМ е барање поддршка на семејствата и откривање на вистината за Кочани