МВР со детали за несреќата во кругот на Железара: Загина 53-годишен работник

Од:

Вчера во 11.06 часот во СВР Скопје било пријавено дека во кругот на Железара во Скопје, при извршување работни задачи со повреди се здобил и починал 53-годишниот А.П. од село Петровец, скопско, извести МВР.

– Смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош, а увид извршила екипа од СВР Скопје, додаваат од МВР.

За настанот бил известен трудов инспектор. По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.

Би можело да ве интересира

Охриѓанец ја истепал сопругата за која имал забрана за приближување

Катерина Ѓуровски

Арачиновец застрелан на семејна веселба

Катерина Ѓуровски

25-годишник силувал 81-годишна старица од струмичко

Катерина Ѓуровски

Криумчар на мигранти, бегајќи повредил двајца полицајци и удрил во наплатна рампа

Катерина Ѓуровски

Скопјанец со туѓи картички купувал на интернет, потрошил 135 илјади денари

Штипски полицајци истепале притвореник, МВР им поднесе кривични