МВР опомена 150 граѓани кои зборуваа на мобилен додека минуваа на пешачки

Од:

МВР информира дека во периодот од 26. септември до 07. ноември годинава полициските службеници од СВР Скопје издадоа вкупно 150 опомени за граѓаните кои зборуваа на мобилен додека минуваа на пешачки.

Согласно проценките, динамиката и степенот на информираност и запознавање на граѓаните за измените во законската регулатива, во наредниот период се очекува отпочнување со изрекување на соодветни санкции, по целосното информирање на граѓаните за новите законски одредби.

Новите измени во Законот за безбедност во сообраќајот – пешачењето со телефон во рака или преминувањето пешачки со тротинет е прекршок кој се плаќа. Ако преминувате пешачки со мобилен телефон на уво или во рака – казната е 40 евра.

Ако возите тротинет, мотор или трактор со користење електронски уред – казната е 50 евра.

Би можело да ве интересира

На пешачки не смее да се зборува на телефон или да се слуша музика: Стапуваат на сила новите законски измени

Предраг Петровиќ

Потешкотии во мобилната телефонија на А1

Сомнителните повици на мобилен потекнувале од Литванија, Естонија и „Глобал Стар“

А1он