Музичкото училиште во Битола остана без греење на минус четири степени

Од:

Нижото музичко училиште во Битола денеска остана без греење. Радијаторите се ладни како мраз, а децата сепак останаа на настава. Родители се пожалија дека нивните шестгодишни деца морале да ги остават на час, облечени со јакни и завиткани со шалови и со капи, кога внатре во просториите температурата била околу два степени над нулата, објави Мета.

– Не знам како може среде грејна сезона да остане училиштето без греење. Ова може да се случи само во Македонија. Децета ни смрзнаа, стуткани седат во клупите, а надвор утринската е минус четири степени. Овде ни кажаа дека немало мазут. Професосрите нè уверуваат дека наставата ќе биде скратена. Но, и дваесет минути да се седи на толку ладно, навистина не е хумано – се пожалија родители на ученици во нижото музичко училиште во Битола.

Првиот човек на училиштето, Василчо Пецаковски, ја потврдува информацијата и вели дека проблемот настанал поради доцна објавениот тендер за набавка на гориво за парното греење.

– Поради промена на директорот во октомври, се задоцни со распишувањето на тендерот за набавка на мазут. Но, сега се прават сите напори до вечер или најдоцна до утре наутро да стаса мазутот и наставата да тече нормално. Денеска часовите ќе бидат скратени, само она што е непоходно ќе се сработи – вели директорот Пецаковски.

Ова државно училиште во Битола се финансира директно од Министерството за образование.

Во октомври годинава Пецаковски седна на директорското место во Државното музичко училиште во Битола откако претходно на оваа позиција беше вршител на должност. Пецковски вели дека проблем со греењето има само во зградата на нижото музичко училиште, додека во средното музичко училиште, кое е сместено на друга локација, во објектите на гимназијата „Таки Даскало“, наставата се одвива нормално.

Би можело да ве интересира

Јаневска: Се разговара со синдикатот за повисоки плати на наставниците

Раст на платите во јавната администрација и образованието ќе има следната година

Независниот синдикат порачува: Нека се скрати на превоз на пратеници, на апанажи, на службени возила и ќе има пари и за просветните работници

Предраг Петровиќ

Јаневска: Нашите ученици каснат многу во однос на нивните врсници во Европа

(ВИДЕО) Баковска: Нема образовни асистенти во училиштата, гневни се родителите на децата

Наставниците нема да добијат зголемување на платите во септември, ќе има во март