Мухиќ: Целта на нападот беше убиство на Заев и Села

Од:

Пратеникот Ферид Мухиќ во изјава за Ал Џезеира оцени дека цел на нападот на демонстрантите во Парламентот било воведувањето вонредна состојба во земјата, за која веќе било подготвено сценарио.

– Целта на нападот очигледно беше убиство на двајца или тројца пратеници, пред се, Зоран Заев и Зијадин Села, како и на еден или двајца насилници за да се осигура избувнување на голем конфликт и да се овозможи воведување на вонредна состојба, за која веќе беше подготвена сценарио, вели пратеникот Мухиќ.

Според него, нападнатите пратеници биле евакуирани од Парламентот со конвој блиндирани возила од страна на специјалци кои ги засолниле во касарна во едно преградие на Скопје. Иако шансите да се случи тоа ги оцени како намалени, по нападот на Парламентот, Мухиќ смета дека се уште има можност да се случи војна во Македонија.

– Новиот претседател на Собранието, Талат Џафери од ДУИ официјално ги презеде сите овластувања на поранешниот в.д. претседател Трајко Велјановски од ВМРО-ДПМНЕ, што е многу важно, јас би рекол, одлучувачко за стабилизација. Исто така луѓето кои ја поддржуваат промената на власта, и кои се огромно мнозинство, остануваат смирени, како Македонците така и етничките Албанци, чии пратеници се најтешко повредени, вели тој.

– Сепак, оваа власт е способна буквално на сè и ги контролира делумно сите важни лостови на власта. На опцијата да се предизвикаат нереди веројатно и натаму се смета сериозно од страна на власта, иако неуспехот на овој прв и клучен потег во голема мера негативно влијаеше на нивната подготвеност да се преземаат вакви очајни чекори и, секако, значително ја намали нивната соба за маневрирање, рече Мухиќ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Мухиќ: Ако не се гласа денеска, значи нема мнозинство

Ана Ололовска

(ВИДЕО) За Мухиќ сега договорот е добар: Капата ја сменивме, главата не

Наум Локоски

Мухиќ: Владата на граѓаните им должи објаснување кои уставни промени следуваат по референдумот

Наум Локоски

(ВИДЕО) Мухиќ не гласаше за договорот со Бугарија: Македонската страна прави отстапки

Наум Локоски

(ВИДЕО) Мухиќ: ВМРО-ДПМНЕ тврди дека е победник, чудно е победникот да бара реванш

Наум Локоски

(ВИДЕО) Мухиќ: Целта е тиранијата да ја претворите во деспотија

Наум Локоски