Муцунски: Наше е да ставиме црвена линија дека по однос на одредени прашања македонските граѓани не се подготвени да преговараат

Од:

Тимчо Муцунски – шефот на македонската дипломатија денеска изјави дека се работи на засилување на динамиката на средби со официјална Софија. Порача дека сме подготвени за изнаоѓање на рационални решенија во рамки на европските вредности.

– Наше е да нудиме решенија, но наше и да ставиме една јасна црвена линија дека по однос на одредени прашања македонските граѓани и нашата Влада не се подготвени да преговараат и разговараат. По однос на редефинирање на нашиот идентитет, по однос на прашања од историската природа кои можеме со апсолутна сигурност да ги констатираме, по однос на прашања со другите идентитетски атрибути на македонскиот народ, за такви прашања не сме подготвени да разговараме, но, да, сме подготвени за изнаоѓање на рационални решенија во рамките на европските вредности и секаде онаму каде што има волја, може да се најде соодветен пат, изјави Муцунски на прес-конференција.

Истакна дека се работи на засилување на динамиката на средби со официјална Софија и оти постои иницијатива за средба на Самитот на НАТО во Хаг кон крајот на месецов.

– Се надеваме дека таа средба ќе се оствари, има засилена комуникација во следните денови, се уште не можеме ништо да потврдиме. Претседателката Сиљановска Давкова, јас заедно со министерот за одбрана ќе бидеме дел од таа делегација и се надеваме дека една таква средба ќе може да даде импулс кон изнаоѓање на некое решение, рече Муцунски.

Рече дека имаат тековна комуникација со сите земји-членки, фокусот е со Европската комисија и со Европскиот парламент.

Би можело да ве интересира

Муцунски на средба со Кос: Владата целосно посветена на напредок во интегративниот процес

А1он

Муцунски: Во услови на засилени безбедносни и геополитички предизвици владите мора брзо да се приспособуваат и да дејствуваат заеднички

Муцунски е разочаран од Бугарија поради односот кон Менкиновски

Сите Македонци кои побарале, треба да бидат евакуирани од Блискот Исток оваа недела

Катерина Ѓуровски

Евакуација на македонски државјани и утре од Емирати, се очекува и чартер со наши граѓани од Бахреин, Катар и Кувајт

Муцунски ги пречека патниците од Дубаи: Најбитна е безбедноста на граѓаните!

А1он