Муцунски ги посети македонските граѓани кои се хоспитализирани во Словенија

Од:

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, попладнево во Љубљана ги посети македонските граѓани кои се хоспитализирани во Словенија.

Притоа оствари кратки одвоени средби со министерката за надворешни работи на Словенија, Тања Фајон, министерката за здравство, Валентина Преволник Рупел, како и со медицинскиот персонал кој се грижи за нашите пациенти.

Министерот Муцунски изрази искрена благодарност за високото ниво на солидарност што Словенија го покажува во овие тешки моменти, нагласувајќи дека тоа е уште еден доказ за длабоката почит и пријателство меѓу двете земји и нивните народи.

„Би сакал уште еднаш, во име на македонскиот народ, Владата и целата нација, да се заблагодарам за исклучителната солидарност што ја покажавте – тоа зборува за високото ниво на меѓусебно почитување што го имаме меѓу себе. Македонските граѓани кои се во Љубљана сега се во рацете на стручни лекари, медицински експерти и посветени медицински сестри“ – изјави министерот Муцунски.

За време на посетата, тој имаше можност лично да добие информации од лекарскиот тим за состојбата на пациентите, како и да се запознае со стручниот кадар кој има клучна улога во организирањето и реализацијата на медицинскиот транспорт.

Министерот Муцунски нагласи дека македонската амбасада во Словенија останува целосно посветена на поддршката на пациентите и нивните семејства, а Кризниот штаб во Скопје е во постојана координација со сите вклучени институции во процесот на транспорт, прием и лекување.

Би можело да ве интересира

Муцунски на средба со Кос: Владата целосно посветена на напредок во интегративниот процес

А1он

Муцунски: Во услови на засилени безбедносни и геополитички предизвици владите мора брзо да се приспособуваат и да дејствуваат заеднички

Муцунски е разочаран од Бугарија поради односот кон Менкиновски

Сите Македонци кои побарале, треба да бидат евакуирани од Блискот Исток оваа недела

Катерина Ѓуровски

Евакуација на македонски државјани и утре од Емирати, се очекува и чартер со наши граѓани од Бахреин, Катар и Кувајт

Муцунски ги пречека патниците од Дубаи: Најбитна е безбедноста на граѓаните!

А1он