Мртов скопјанец пронајден во дворот на црквата „Свети Јован“

Од:

57-годишен скопјанец со иницијали С.С. бил пронајден мртов во дворот на црквата „Св. Јован“ во населбата Карпош во главниот град.

Итната медицинска помош констаритала смрт без траги на насилство.

– На 24.02.2023 во 07.55 часот било пријавено дека на влезот од црквата „Св.Јован“ на територија на општина Карпош, бил пронајден починат С.С.(57) од Скопје. Од страна на лекар од Итна медицинска помош констатирана била смрт без траги на насилство се наведува во известувањето од Министерството за внатрешни работи.

По наредба на Јавен обвинител телото било предадено во Институтот за судска медицина за обдукција.

Би можело да ве интересира

Две сообраќајни несреќи со жртви во еден ден

Воз му ја прегази ногата на мигрант од Алжир во Гевгелија

Скопјанец ја тепал и ја избркал сопругата од дома, децата ги заклучил во тоалетот

Катерина Ѓуровски

Приведен вработен во МВР, возел во спротивна насока, а кога бил запрен, му се заканувал на полицискиот службеник

Катерина Ѓуровски

80-годишен Грк осомничен за убиството на ловочуварот кај Виница

43-годишна жена пронајдена мртва во стан во Кисела Вода