„Мрдни со Прст“ – прва акција во Делчево

Од:

Минатата сабота, играорците од КУД Гоце Делчев од Делчево заедно со граѓаните на општина Делчево „мрднаа со прст“ за почисто Делчево.

Минусните температури не беа пречка 100-тина млади, деца и возрасни играорци да излезат и активно се вклучат во целодневната акција која се однесуваше на реновирање на летната сцена, чистење на кејот на реката Брегалница и градскиот парк.

Акцијата „Мрдни со прст“ за почисто Делчево имаше за цел да се крене јавната свест кај граѓаните за зачувување на животната средина и младите од различни етнички заедници да работат заедно и да се дружат.

Младите докажаа дека преку дружба и забава може да се постигнат повисоки цели кои се за општо добро на сите граѓани на општина Делчево па дури и за посетителите на градот Делчево.

Реновирањето на летната сцена придонесе кон продолжување на традицијата на одржување на различни културни манифестации, а исчистениот градски парк и кејот на реката Брегалница како централни места кои често се посетувани од страна на нашите сограѓани и туристи ќе ја потврдат и одржат чистотата на нашето мало планинско градче.

Оваа акција беше поддржана од страна на НВО КХАМ од Делчево во рамки на иницијативата „Мрдни со прст“ и има за цел цел да ја подигне јавната свест за различните можности кои се во доменот на секој поединец како и да се понудат идеи за приднонес кон специфични активности во рамки на заедницата во кои граѓаните можат да се вклучат индивидуално, но и колективно.

Би можело да ве интересира

Приведена 76-годишна жена од Делчево за предизвикување пожар

Катерина Ѓуровски

Избувна пожар во помошен објект во Делчево

Горан Наумовски

Кривична за маж од Делчево, предизвикал пожар од невнимание

Mаж од Делчево ја претепал сопругата

ВИДЕО: Пороен дожд со град и ветар во Делчевско

Катерина Ѓуровски

Маж од Делчево споделил лични фотографии на неговата поранешна вонбрачна партнерка