МПМ изненадени од владината реакција за избелените шпилхозни

Од:

Раководството на „Медиа принт Макеоднија“ е изненадено од начинот на кој Владата реагираше на текстот за старите шпилхозни на Клиниката за гинекологија во Скопје, објавен во дневниот весник „Дневник“.

– Убеден сум дека ниту Дневник, ниту авторот на текстот немале намера да ги оспорат напорите кои ги прави државата за подобрување на состојбите во јавното здравство – вели претседателот на Управниот одбор на МПМ, Срѓан Керим, пренесува Телма.

Проф. д-р Керим ги отфрла владините обвинувања дека зад текстот за шпилхозните имало скриени мотиви да се привлечат повеќе пациенти во приватната клиника „Систина“, чиј крупен сопственик Орце Камчев е и еден од опствениците на МПМ.

Камчев, кој денеска присуствуваше на отворањето на ново продажно место на МПМ во центарот на Скопје, не сакаше да ги коментира обвинувањата на Владата упатени на негова адреса, известува Телма. Текстот со наслов „Старите шпилхозни ги налутија новите мајки – родилки“ беше објавен во понеделникот. Веднаш следуваше остра реакција од владината прес – служба, во која нападите кон Клиниката за гинекологија беа поврзани со бизнис интересите на Орце Камчев.

Би можело да ве интересира

Керим: Достапен сум за сите, па и за СЈО

Ана Ололовска

Керим и Станисављева недостапни за СЈО

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Керим по распитот во СЈО: Ќe кажеме се кога ќе дојде време

Ана Ололовска

Срѓан Керим пристигна на распит во СЈО

Ана Ололовска

Јана Станисављева пристигна на распит во СЈО

Ана Ололовска

Срѓан Керим и Јана Станисављева на распит во СЈО

Ана Ололовска