МОСТ продолжува со кампањата за подигање на активизмот кај младите гласачи

Од:

Граѓанската асоцијација МОСТ, во рамки на кампањата „Вклучи се, ако си исклучен!“, денеска ќе организира отворен настан во Скопје пред Книжарница во Чаршија (Либрариа Е Çарсхисë), на кој заинтересираните млади ќе можат да се информираат и да ги прошират своите знаења за предностите да се биде активен граѓанин.

Кампањата почна на 15 септември како симболично одбележување на Меѓународниот ден на демократија и е дел од проектот „Активни за демократија“ што претставува продолжување на долгорочните напори на МОСТ за подигнување на свеста кај младите гласачи и зголемување на нивниот активизам. Досега беа организирани 10 настани во различни градови во државата, а планирано е да се оранизираат уште толку за да се опфатат и информираат што поголем број млади.

Главните предизвици кои ги адресира проектот „Активни за демократија“ се недостатокот од познавање теми поврзани со изборите, како и нискиот степен на заинтересираност за активно учество во демократските процеси. Проектот укажува и на недостатоците во формалното образование за соодветно информирање на младите гласачи. Во таа насока, има за цел да даде придонес кон зајакнување на капацитетите на младите преку промоција на нивните права и слободи поврзани со изборите, како и преку промоција на потребата од активно учество во демократските процеси.

Проектот вреден околу 83.000 евра го финансира ЕУ преку Европскиот инструмент за демократија и човекови права (ЕИДХР).

Би можело да ве интересира

Клишас: Во украински „терористички“ напад загинаа седум лица

Русија: Машиновозач загина, a бебе e тешко повредено при уривање на мост врз патнички воз

(ВИДЕО) Два надвозници се урнаа во различни руски региони што граничат со Украина

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Се урна мост во Русија, падна врз воз, најмалку седум мртви, десетици се повредени

(ВИДЕО) Се урна мост во Јужна Кореја, има загинати и повредени

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Ангелов револтиран поради мостот кај Визбегово: Некој може да биде убиен од овие коцки

А1он