МОСТ: Од бројките не може да се побегне – ги повикуваме тројцата независни членови на ДИК да ја вратат довербата во Избирачкиот список

Од:

Новиот состав на Државната изборна комисија беше избран согласно измените на Изборниот законик донесени на 09.11.2015 г. кои произлегоа од Договорот од Пржино, а со овие измени воедно беа зголемени и нејзините надлежности. Дополнително, договорот исто така предвиде проверка на Избирачкиот список согласно нова методологија.

Согласно измените на Изборниот законик Избирачкиот список беше објавен на интернет со податоци за имињата, презимињата и адресите на избирачите. Со ова сакаме да и објасниме на јавноста дека одлуката за формата во која што беше објавен Избирачкиот список не е донесена од страна на ДИК, туку таа произлезе од новите одредби во Изборниот законик.

ДИК отиде и чекор понатаму и на граѓаните им овозможи на едноставен и ефикасен начин да ги пријавуваат сомнителните гласачи преку нејзината веб-страница – постапка која претходно не беше предвидена, но е за поздравување. Сепак, имајќи предвид дека Изборниот законик не прецизира дали може да се пријави лице кое не е дел од потесното семејство, ДИК требаше претходно да утврди процедура за пријавување на ваквите случаи. И покрај овие слабости, ваквата можност придонесе кон вклучување на граѓаните во проверката на Избирачкиот список, што може само да резултира со зголемување на довербата во неговите податоци. Оттаму, откако веќе ја овозможи, ДИК не смееше по само неколку дена да соопшти дека ќе ја тргне оваа опција од својата веб-страница и тоа да го направи во истиот ден. Ваквата постапка предизвика револт во јавноста и повторно ги врати сомнежите во врска со Избирачкиот список и неговото прочистување.

Планот за спроведување на вкрстените проверки на податоците во Избирачкиот список беше подготвен од експерти и донесен од ДИК, врз основа на Mетодологијата за водење и ажурирање на Избирачкиот список одобрена од четирите политички партии. Оттаму, ДИК мора да го објави првичниот извештај од вкрстените проверки онака како што тој е изработен и доставен од експертите, односно без никакви дополнителни интервенции, а неговото усвојување треба да се одвива на јавна седница. Дополнително, ДИК треба веднаш да ги објави критериумите, односно тест-прашањата за спроведувањето на дополнителните проверки кои го менуваат првично донесениот план, како и резултатите кои се очекуваат од нив.

Довербата во Избирачкиот список може да се врати исклучиво преку транспарентен и инклузивен процес. Затворените седници (т.н. работни состаноци) и нетраспарентноста во никој случај не придонесуваат граѓаните да имаат доверба во Избирачкиот список.

На крај, повторно упатуваме апел до граѓаните да пријават било какви неправилности во Избирачкиот список на бесплатната телефонска линија 080 080 080 и со тоа да бидат активни учесници во неговото прочистување.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

Русија: Украинците подготвуваат напад на мостот на Крим, Западот им помага, а одмаздата ќе биде погубна

А1он

Објавена аудио снимка од хероите од Балтимор: „Веднаш блокирај го сообраќајот на мостот“

Горан Наумовски

Исчезнатите работници на мостот во Балтимор најверојатно загинале

Горан Наумовски

Сонар откри дека има возила во водата под урнатиот мост во Балтимор

(ВИДЕО) Ангелов револтиран поради мостот кај Визбегово: Некој може да биде убиен од овие коцки

А1он