Мост ќе го следи гласањето во четирите општини

Од:

Граѓанската асоцијација МОСТ со околу 130 набљудувачи ќе го набљудува гласањето на 21 април. Набљудувачите на МОСТ ќе го следат прегласувањето на 29те гласачки места во општина Центар, 9те гласачки места во општина Струга, како и едното гласачко место во општина Ѓорче Петров. Набљудувачи на МОСТ, исто така ќе го следат и вториот круг на гласање на 20 гласачки места од вкупно 39 гласачки места во општина Долнени. Покрај овие набљудувачи, МОСТ ќе има распоредено и мобилни тимови, кои ќе служат како логистичка поддршка на статичните.

МОСТ покрај гласањето во недела, го набљудува и денешното предвремено гласање во четирите општини.

Набљудувачите на МОСТ ќе бидат препознатливи по жолтите маици и задолжително ќе поседуваат акредитација издадена од ДИК и овластување од МОСТ. Во текот на денот, наодите од набљудувањето ќе можат да се прочитаат на интернет страната www.most.org.mk.

Проектот “Домашно набљудување на Локалните избори 2013“ е реализиран од страна на Граѓанска асоцијација МОСТ и е поддржан од Швајцарската агенција за меѓународен развој, Амбасадата на Сојузна Република Германија, Амбасадата на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, Амбасадата на Кралството Холандија и Амбасадата на Кралството Норвешка од Белград, Србија.

Би можело да ве интересира

Клишас: Во украински „терористички“ напад загинаа седум лица

Русија: Машиновозач загина, a бебе e тешко повредено при уривање на мост врз патнички воз

(ВИДЕО) Два надвозници се урнаа во различни руски региони што граничат со Украина

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Се урна мост во Русија, падна врз воз, најмалку седум мртви, десетици се повредени

(ВИДЕО) Се урна мост во Јужна Кореја, има загинати и повредени

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Ангелов револтиран поради мостот кај Визбегово: Некој може да биде убиен од овие коцки

А1он