МОСТ информира за повеќекратни нерегуларности

Од:

МОСТ по затворањето на гласачките места излезе со потврдени информации, добиени од набљудувачите и регионалните канцеларии на МОСТ.

Досега се забележани следните неправилности на гласачките места:

– На следните ГМ е забележано групно/семејно гласање: ГМ 0207 во општина Битола – забележани се дополнителни 10 случаи при што гласале 25 гласа. ГМ 0405 во општина Гостивар, 6 случаи при што гласале 15 лица, ГМ 407/1 исто така во општина Гостивар 7 случаи и 14 гласа, ГМ 0817 во општина Кичево 21 случај со 50 гласа, ГМ 1845 во Струга 6 случаи и 12 гласа, ГМ 1926 во Тетово 12 случаи и 25 гласа и ГМ 1808 во Василево со 10 случаи. На ГМ 0277, 0277/1, 0278 и 0278/1 во општина Пласница кои се наоѓаат во ист објект има повеќе случаи на групно/семејно гласање. Дополнително, пред објектот се врши агитација. Групно/семејно гласање е забележано и на ГМ 0284 и 0290 во општина Валандово – на првото место имало 5 случаи и 10 гласа, на второто – 8 случаи и 16 гласа.

– На ГМ 2952 во општина Бутел продолжуваат повеќекратните нерегуларности за кои известивме и на претходната прес-конференција.

– На ГМ 0103 во Битола забележано е читање на глас на имињата на гласачите. На ГМ 0946/1 во Крива Паланка исто така има читање на глас, а пред влезот во објектот се врши агитација. Читање на глас на имињата е забележано и на ГМ 1977 во Тетово. На ова реагирал претставник на подносител на кандидатска листа, но читањето продолжило. Читање на глас е забележано и на ГМ 2739 во општина Кисела Вода. И покрај тоа што дел од членовите на ИО реагирале на ова, читањето продолжило. Читање на глас има и на ГМ 0338 во Гевгелија, а дополнително ИО, без претходно да ги информира гласачите им издава гласачки ливчиња за двата вида избори.

– Издавање гласачки ливчиња за двата вида избори без претходно да се информираат гласачите е забележано и на 21 ГМ во општина Кочани (862, 863, 864, 866, 865, 867, 870, 874, 871, 880, 881, 882, 883, 885, 886, 887, 892, 898, 899, 900, 901).

– На ГМ 751/1 членовите на ИО и еден претставник на подносител на кандидатска листа инструирале дел од гласачите да гласаат само за парламентарните избори. На ова реагирале други два претставници на подносители на кандидатски листи, но ваквата практика продолжила.

– Пред детската градинка на улица „Браќа Миладинови“ во Струмица во која се сместени гласачките места 1718, 1722, 1729, 1730, 1739, 1757 и 1758 забележани се лица со списоци на гласачи кои ги евидентираат граѓаните кои гласаат. Истата појава е забележана и пред новите простории на УЈП во општина Кавадарци каде се сместени ГМ 0668, 0668/1 и 0669. Евидентирање на гласачи е забележано и пред ГМ 2193 во општина Велес и ГМ 0376 во Богданци.

– Пред ОУ „Наим Фрашери“ во Куманово во кое се сместени ГМ 1040, 1040/1, 1041, 1041/1, 1042, 1042/1 партиски активисти вршат агитација.

– На ГМ 1020/1 во Куманово претседателот на ИО на еден претставник на подносител на кандидатска листа му ги прочитал имињата на лицата кои гласале до тој момент. Останатите 2 члена на ИО кои биле присутни во тој момент не реагирале.

– На ГМ 0374 во Богданци член на ИО на определена политичка партија по телефон и ги соопштувал лицата кои се нејзини симпатизери или членови, а кои уште не излегле да гласаат. Откако на ГМ пристигнале набљудувачи од ОБСЕ, ваквата практика престанала.

Според податоците добиени од ПВТ програмата (паралелно пребројување на гласовите), која претставува математичко-статистички научен метод, одѕивот на гласачите на претседателските избори до 14 часот е 34,27%, до 15 часот е 39,19%, додека до 16 часот е 43,50%, до 17 часот е 47,52% и до 18 часот е 50,78%.

Одѕивот на гласачите на парламентарните избори по изборни единици е следниот:

ИЕ 1 – до 14 часот 40,63%, до 15 часот 46,37%, до 16 часот 51,07%, до 17 часот 55,75%, до 18 часот 61,11%

ИЕ 2 – до 14 часот 37,18%, до 15 часот 42,59%, до 16 часот 47,26%, до 17 часот 51,63%, до 18 часот 56,48%

ИЕ 3 – до 14 часот 44,89%, до 15 часот 50,58%, до 16 часот 55,8%, до 17 часот 60,69%, до 18 часот 65,83%

ИЕ 4 – до 14 часот 43,49%, до 15 часот 50,12%, до 16 часот 56,39%, до 17 часот 62,16%, до 18 часот 67,91%

ИЕ 5 – до 14 часот 37,66%, до 15 часот 43,33%, до 16 часот 48,11%, до 17 часот 52,44%, до 18 часот 56,94%

ИЕ 6 – до 14 часот 30,98%, до 15 часот 36,73%, до 16 часот 41,2%, до 17 часот 44,92%, до 18 часот 48,41%

Проектот “Домашно набљудување на Претседателските и предвремените парламентарни избори 2014” е реализиран од страна на Граѓанскаta асоцијација МОСТ и е поддржан од страна на Амбасадата на Кралството Холандија, Амбасадата на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, Амбасадата на Сојузна Република Германија, Швајцарската агенција за меѓународен развој и Амбасадата на Кралството Норвешка од Белград, Србија.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

Русија: Украинците подготвуваат напад на мостот на Крим, Западот им помага, а одмаздата ќе биде погубна

А1он

Објавена аудио снимка од хероите од Балтимор: „Веднаш блокирај го сообраќајот на мостот“

Горан Наумовски

Исчезнатите работници на мостот во Балтимор најверојатно загинале

Горан Наумовски

Сонар откри дека има возила во водата под урнатиот мост во Балтимор

(ВИДЕО) Ангелов револтиран поради мостот кај Визбегово: Некој може да биде убиен од овие коцки

А1он