МОСТ: ДИК јасно и недвосмислено да каже дали гарантира спроведување на кредибилни избори

Од:

Пред само неколку дена МОСТ ги промовираше предлозите кои треба да претставуваат појдовна точка за партиите да најдат консензуално решение што ќе овозможи соодветно постапување во ваквите случаи, со цел враќање на довербата во Избирачкиот список.

„Прашањето на Избирачкиот список и неговото прочистување е од исклучително значење и поради тоа покрена голем број прашања и дилеми за тоа како функционира целокупниот институционален систем, како институциите комуницираат помеѓу себе и на кој начин ги водат податоците за граѓаните. Поради тоа, ја повикуваме ДИК да се произнесе за сите предизвици со кои беше соочена во текот на овој важен процес, а не само за теренската проверка, и на јавноста да и соопшти јасно и недвосмислено дали може да гарантира спроведување на кредибилни избори. Согласно член 31 од Изборниот законик, ДИК се грижи за законитоста во подготовката и спроведувањето на изборите. Оваа нејзина надлежност добива уште поголемо значење имајќи предвид дека новиот состав и зајакнатите надлежности на ДИК произлегоа од Договорот од Пржино“, рече на прес конференција Дарко Алексов.

Граѓанската асоцијација МОСТ ги презентираше наодите од набљудувањето на периодот пред распишувањето на изборите од 17 февруари до 3 април.

Регистрирани се зачестени случаи на подготвување на списоци на потенцијални гласачи на ВМРО-ДПМНЕ во администрацијата, при што е зголемен и бројот на гласачи кои треба да бидат доставени, од 3 на најмногу 10. Ваквата појава е најмногу присутна во образовните институции, но исто така има регистрирани случаи и во јавни претпријатија, па дури и во приватниот сектор. Во овој период ваквата појава е забележана во 15 општини, додека пак во 18 општини е забележан притисок врз вработените во администрацијата да посетуваат партиски настани на владејачката партија.

mostpres6a (3)

Овие притисоци се сеопфатни и се вршат врз лица кои се вработени во јавните институции, лица кои допрва треба да се вработат, како и врз лица на кои треба да им се трансформира работниот однос, односно да добијат постојано вработување. Притисоците се вршат во разни форми, како на пример закани за преместување на работна позиција во друга општина, изрекување на дисциплински мерки или отказ

„Апелираме до сите вработени во јавниот и приватниот сектор да не вршат, ниту пак да подлегнуваат на вакви притисоци.Потенцираме дека правото на работа е загарантирано со Уставот и секому, под еднакви услови, му е достапно секое работно место. Вработените во администрацијата го имаат истото уставно загарантирано избирачко право како и сите останати граѓани на Република Македонија. Ги охрабруваме граѓаните да ги пријават сите притисоци, заплашувања или закани на бесплатната телефонска линија на МОСТ, 080 080 080. Непочитување на принципот на одвоеност на државата и партијата при обраќањето на државните функционери на промотивните настани организирани од државните и јавните институции е забележано во 5 општини. Непочитувањето на овој принцип се состои во тоа што функционерите на овие настани ги промовираат своите партиски програми за следните парламентарни избори. Функционерите во 6 општини посетувале настани организирани од нивната политичка партија во текот на работното време. Употребата на службени возила за партиски цели исто така е зачестена и е забележана во 4 нови општини“, рече Дарко Алексов.

Од почетокот на набљудувањето, односно од 1 декември 2015 г. до 3 април, од добиени 2.011 извештаи забележани се следните случаи: Непочитување на принципот на одвојување на државата и партијата во 22 општини; Злоупотреба на службената положба, односно притисоци врз вработените во администрацијата во 22 општини; Злоупотреба на државни ресурси, односно употреба на службени возила за партиски цели во 11 општини. Граѓанската асоцијација МОСТ доби овластување да ја набљудува теренската проверка на Избирачкиот список, но само во подрачните канцеларии на ДИК, што оневозможи целосен увид во овој важен процес.

Дополнително, дел од подрачните канцеларии не соработуваа со нашите набљудувачи и не им даваа информации за тоа како тече процесот на теренска проверка. Околностите во кои се спроведе теренската проверка не одат во прилог на ефикасно и ефективно констатирање на реалноста, како и влевање на доверба во процесот. Имено, обука за спроведување на теренската проверка добија само вработените во подрачните канцеларии на ДИК, кои потоа истата им ја пренесоа на анкетарите. Ваквата практика е слична со онаа која се користи на изборите и која скоро секогаш беше критикувана од МОСТ, затоа што резултира со неунифицирана обука на избирачките одбори. На подрачните канцеларии им недостасуваа човечки ресурси, опрема и простор, а недостасуваше и координација на напорите.

mostpres6a (2)

На пример, ДИК носеше ад-хок одлуки за распоредување на персонал во одредени подрачни канцеларии, но овие лица не добиваа соодветна опрема и простор. Постоеше неунифицираност во функционирањето на подрачните канцеларии на ДИК во процесот на прибирање на прашалниците и нивна обработка, односно внес на податоците. Лицата кои беа задолжени за внесување на одговорите од прашалниците во базата на податоци не ја добија апликацијата на време, ниту пак беа обучени за оваа активност. Исто така, не знаеме дали процесот беше контролиран и дали е извршена проверка на внесените податоци во вака кус временски период.

Нелогичните одлуки на ДИК во изминатиот период, како и недостатокот на транспарентност за текот на теренската проверка придонесоа кон разни шпекулации и релативизации, а со тоа и кон зголемување на недовербата во процесот на прочистување на Избирачкиот список. На пример, се уште не е јасно како ќе се третираат оние лица кои не биле пронајдени на нивните регистрирани адреси и кои не се појавиле во подрачните канцеларии во предвидениот рок од 3 дена.

Сметаме дека поради притисок од кусите временски рокови, спроведувањето на теренската проверка и процесите поврзани со неа се одвиваа и ќе се одвиваат забрзано, што заедно со сите недостатоци на процесот споменати претходно, ќе има негативно влијание врз нејзиниот квалитет, а со тоа и врз целокупниот процес на прочистување на Избирачкиот список. Ја користиме оваа можност уште еднаш да потсетиме на предизвиците со кои ќе се соочат институциите при бришењето на евентуалните спорни избирачи од Избирачкиот список, односно постоечките долги законски рокови за водење на управните постапки.

Проектот „Патоказ кон слободни и фер избори“ е поддржан од: Амбасадата на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, Амбасадата на Кралството Холандија, УСАИД преку Националниот демократски институт и Националниот фонд за демократија. Ставовите во ова соопштение се одговорност на МОСТ и не ги одразуваат ставовите на поддржувачите на проектот. За дополнителни информации: Граѓанска асоцијација МОСТ, тел. 02/30 99 384

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

Русија: Украинците подготвуваат напад на мостот на Крим, Западот им помага, а одмаздата ќе биде погубна

А1он

Објавена аудио снимка од хероите од Балтимор: „Веднаш блокирај го сообраќајот на мостот“

Горан Наумовски

Исчезнатите работници на мостот во Балтимор најверојатно загинале

Горан Наумовски

Сонар откри дека има возила во водата под урнатиот мост во Балтимор

(ВИДЕО) Ангелов револтиран поради мостот кај Визбегово: Некој може да биде убиен од овие коцки

А1он