МОН ќе врши контрола на обуките на учениците од средното стручно образование

Од:

Собраниската Комисија за образование денеска ги прифати измените и дополнувањата на Законот за стручно образование и обука, во прво читање, кои предвидуваат да се зголеми опфатот на учениците што реализираат практична настава кај работодавачи за да се зголемат нивните вештини и компетенции за по завршувањето на стручното образование да можат веднаш, без дополнителни обуки да се вклучат на пазарот на трудот.

Министерот за образование и наука Спиро Ристовски образложи дека со Законот се воведува регистар на ученици што склучиле договори за практична обука кај работодавачите и оти Стопанската комора, Сојузот на стопанските комори и Комората на занаетчиите на Република Македонија на секои три месеци ќе доставуваат извештај за склучени договори за практична обука на учениците кај работодавачите до Министерството за образование и наука и Центарот за стручно образование и обука. Министерството ќе врши контрола кај работодавачите за исполнетост на условите и за склучените договори за реализација на обуката.

Во дискусијата за измените, пратеникот Митре Велјановски од СДСМ рече дека оваа реформа нема да даде никаков ефект, бидејќи се потребни коренити промени во стручното образование. Според него, постои опасност учениците да одат на обука, но да не извршуваат задачи поврзани со стручноста за која се образуваат.

Претседателот на Комисијата Александар Спасеновски од ВМРО-ДПМНЕ, пак, смета оти е погрешно да се потценуваат ефектите на овој закон кој според него ќе ги поправи состојбите во земјата, ќе ги зајакне врските меѓу МОН и компаниите, како и контролата што ќе ја врши Министерството. Тој смета дека е позитивно тоа што се прават напори учениците веднаш по завршувањето на стручното образование да се вклучат на пазарот на трудот.

На оваа седница на Комисијата прифатени и измените на Законот за иновациска дејност во прво читање, кои предвидуваат допрецизирање на изборот на директорот на Фондот за иновации.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Ангелковска: ВМРО-ДПМНЕ системски го партизира и образованието, постоечките образовни асистенти заменети со нови партиски кадри

Донесовме одлука за етапно покачување на платите на наставниците во период од четири години, вели Јаневска

За следната учебна година ќе има учебници за секое дете, вели министерката Јаневска

Деканите на Сити Колеџ: Ние ги градиме идните лидери!

A1on

Трамп потпиша извршна наредба за распуштање на Министерството за образование

Јаневска објави: Нов закон за средно образование ќе има наскоро