МОН ќе субвенционира 179 научни трудови од конкурсот за 2012 година

Од:

Субвенција од 30.000 денари ќе добијат  179 научни трудови од македонски автори на конкурсот на Министерството за образование и наука за 2012 година, чија цел е поддршка на научно-истражувачката дејност и стимулирање на научните работници.

Главен критериум е трудовите да биле објавени во научно списание со фактор на влијание во 2012 година. Од 208 апликации, комисијата одбила 29 зашто не ги исполниле наведените услови или затоа што авторите не се регистрирани истражувачи.

Министерот за образование и наука Спиро Ристовски е задоволен од бројот на одобрени субвенции бидејќи е поголем за 28 во однос на претхониот конкурс за 2011 година.

– По области, прифатените апликации се однесуваат на 50 трудови од природно-математичките науки, 50 од техничко-технолошките, 24 од медицинските науки и здравството, 39 од биотехничките, 12 од општествените и четири труда од хуманистичките науки. За оваа намена во буџетот на МОН обезбедени се потребните средства од околу 5,5 милиони денари, рече Ристовски соопштувајќи ги на прес-конференција резултатите од конкурсот.

Поради големиот интерес и надминувањето на предвидената квота за субвенционирање,  дополнителен критериум било еден автор да аплицира со најмногу три научни труда.

Министерот очекува уште поголем одѕив за конкурсот за 2013 година, кој е во тек и ќе трае до јуни 2014 година, и ги охрабри научните работници  трудовите да ги објавуваат во списанија со импакт-фактор. Смета дека бројот на пријави за субвенции ќе се зголемува затоа што со инсталирањето современи лаборатории  и со преводите на стручна литература значително се подобрени практичните и теоретските услови за изработка на научно-истражувачки трудови.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Митева: Платите во образованието до 2028 година ќе пораснат минимум 46 отсто

Горан Наумовски

Филипче: Само 5% покачување плати за наставниците е обид да се намали гневот

Јаневска: Се разговара со синдикатот за повисоки плати на наставниците

Раст на платите во јавната администрација и образованието ќе има следната година

Независниот синдикат порачува: Нека се скрати на превоз на пратеници, на апанажи, на службени возила и ќе има пари и за просветните работници

Предраг Петровиќ

Јаневска: Нашите ученици каснат многу во однос на нивните врсници во Европа