МОН го следи предметот на Универзитетот „Гоце Делчев“-Штип

Од:

Министерството за образование и наука информира дека по доставена преставка за постапка по објавен конкурс за избор во звања во наставно научните области финансии, сметководство и менаџмент, од страна на просветен инспектор во Државниот просветен инспекторат – Скопје беше извршен вонреден инспекциски надзор на Економскиот факултет при Универзитетот “Гоце Делчев“ – Штип.

По констатирањето на состојбата во врска со постапувањето за конкретниот предмет, донесено е решение со коешто рецензентската комисија се задолжува во рок од 8 дена формализирајќи ја процедурата, истата да ја доуреди постапувајќи согласно Закон за високо образование, Статут и Правилник за работа на Универзитетот ,,Гоце Делчев” – Штип.

Министерството за образование и наука и Државниот просветен инспекторат, почитувајќи ја автономијата на Универзитетот “Гоце Делчев“ – Штип и натаму ќе го следат неговото постапување во врска со наведениот предмет и навреме ќе ја информираат јавноста за промената на состојбата.

Би можело да ве интересира

Донесовме одлука за етапно покачување на платите на наставниците во период од четири години, вели Јаневска

За следната учебна година ќе има учебници за секое дете, вели министерката Јаневска

Деканите на Сити Колеџ: Ние ги градиме идните лидери!

A1on

Трамп потпиша извршна наредба за распуштање на Министерството за образование

Јаневска објави: Нов закон за средно образование ќе има наскоро

Хајделберг факултетот се доближува до идните академски граѓани: Започна караван низ средните училишта во Македонија

A1on