Момче со Даунов синдром добитник на награда на ораторски вечери

Од:

Вкупно 11 студенти од државните и приватните универзитети во Македонија, меѓу кои и Александар Матовски – Цако, момче со Даунов синдром од Педагошкиот факултет, учествуваа на првите ораторски вечери на тема „Бедна е онаа правда што треба да се правда“ одржани синоќа на универзитетот ФОН.

Добитник на прва награда за најдобри оратори е Емилија Манасијевска од Факултетот за економски науки ФОН. Втората награда ја поделија Валерија Крстева од  Правниот факултет „Јустинијан Први“ од Скопје и Елена Орцева од Правниот факултет на Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип. Третата награда ја понесе Александар Матовски – Цако од Педагошкиот факултет „Св. Климент Охридски“, со што оваа манифестација дава дополнителен стимул за учество на студенти со развојни потешкотии.

Ораторските вечери беа збогатени со изведба на класична музика и дегустација на вина.

Би можело да ве интересира

„Над брановите од животот“ со Марио и Стефан кои испраќаат важна порака на Светскиот ден на лицата со Даунов синдром

Ана Ололовска

„Трисомија 21-Скопје“: Лицата со Даунов синдром да бидат прифатени како рамноправни членови во општеството

Ана Ололовска

„Игри без граници“ за подигање на свеста за лицата со Даунов синдром

Ана Ололовска

МТСП: Отворен е првиот Дневен центар за Даунов синдром

Ана Ололовска

Во Куманово одбележан Светскиот ден на лица со Даунов Синдром

Ана Ололовска

Креативна работилница за лицата со Даунов синдром

Ана Ололовска