Мојсоска: Левица гласаше за хуманитарна помош за Газа – Собранието ја отфрли резолуцијата

Од:

Само 16 пратеници, од кои шест пратеници од Левица, во македонското Собрание гласаа за Резолуцијата за хуманитарна помош на Газа.

Во моментов во Собрание само 16 пратеници гласаа хуманитарна помош на Газа (од кои 6 пратеници на Левица) – односно Израел да дозволи влез на хуманитарната помош.

Додека палестински деца умираат од глад, македонското собрание не само што не го осуди ционизмот на Израел (за разлика од многу европски држави) – туку не се уважува барем срамежливо да побара хуманитарна помош пред најголемиот геноцид на нашето време!“напиша пратеничката на Левица, Јована Мојсоска.

Понатаму во својот коментар Мојсоска вели дека од народ кој во Втора светска војна извојувал победа против фашистичкото зло и се позиционира на правилната страна на историјата, денес со партии со неоколонијален и вазален менталитет“ се молчи додека деца умираат од глад.

Се срамам од генерација која е апатична, индиферентна и колаборационистичка пред најголемото злосторство на нашето време“, го завршува својот коментар Мојсоска.

Инаку резолуцијата која беше поднесена во македонското собрание бара од државата Израел да дозволи итно воведување хуманитарна помош (храна, медицински материјали и логистичка поддршка) за цивилното население во Газа, во согласност со меѓународното право, како и одлуките на релевантните меѓународни тела и организации. Со резолуцијата исто така се бараше ОН, Европската унија, Исламската конференција и сите други меѓународни организации да го зголемат дипломатскиот и хуманитарниот притисок врз Израел за прекин на хуманитарната блокада и подобрување на условите за цивилите.

Би можело да ве интересира

Левица: Од милионски криминали до обвинение со максимум пет години – ДПМНЕ ја спушти “големата правда” за Груби и ДУИ на ниво на резил

Предраг Петровиќ

Левица: Две години Министерството за култура и туризам нема буџет за поддршка на преводи на македонски книги на странски јазици

A1on

Левица: Двапати ја прогласиле водата во Гостивар за безбедна, никој од здравствениот синџир не е разрешен

Левица: Економскиот „успех“ на ДПМНЕ е само пропаганда – поскап живот, слаби инвестиции и 1,44 милијарди евра дефицит

Левица: Вработените оставени без здравствено осигурување – полицајците ги чекаат МВР и ФЗОМ да се договорат кој е виновен

Левица со поддршка за струмичките земјоделци

Горан Наумовски