„Мојот лик е злоупотребен“ – реакција на адвокатката на сопственикот на „Пулс“

Од:

Ивана Коцевска, адвокатката на првообвинетиот за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани – Дејан Јованов-Деко реагираше попладнево по „Маршот за ангелите“ во Кочани.

Таа вели дека нејзиниот лик е „злоупотребен и фотошопиран во небулозна форма“ откако на маршот се појави транспарент на кој таа се појавува со две ковчежиња пари.

Ова е реакцијата на адвокатката Коцевска.

„Во својство на бранител на дел од обвинетите во кривичниот предмет за трагичниот настан во Кочани, досега се воздржував од секакви напади во име на емпатичноста и сочувството со болката на родителите на починатите. Меѓутоа, откако јавно се изложи револт за мојата покрената кривична постапка за вандализмот што се случи на 17.03.2025 од одредени НН лица кои родителите ги оправдуваат, а согласно законот се подложни на одговорност, повеќе немам простор да се воздржувам. Имено, родителите си дозволија да организираат штрајк во кој мојот лик е злоупотребен и фотошопиран во небулозна форма која не само мојот, туку го нарушува угледот на секој еден адвокат и за ова треба и апелирам да реагираат сите надлежни органи на Република Македонија во заштита на нашата професионална должност пред сѐ, а потоа и во насока на заштита на нашиот интегритет и достоинство како носители на правната заштита и владеење на правото“, се наведува во реакцијата на адвокатката Коцевска.

Би можело да ве интересира

Сведочење за „Пулс“: Александар Карадаковски станал управител „за да не пропадне лиценцата“

Судењето за „Пулс“ одложено, обвинителката Андонова вели – постапките продолжуваат без застој

Одложено e судењето против 13 полицајци за пожарот во дискотеката „Пулс“

Горан Наумовски

Судење за „Пулс“: Во општинскиот регистар дискотеката не постоела, уплатите за лиценца ги вршеле „Класик ДМ“ и „ММММ“

Општина Кочани барала на „Пулс“ да не му се издава лиценца поради несоодветна намена на објектот

Продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“, за денеска повикани тројца сведоци од Општина Кочани