Могерини утре на средби во Скопје

Од:

Високата претставничка за надворешни работи на ЕУ, Федерика Могерини, утре ќе престојува во Скопје каде ќе одржи средби со македонскиот државен врв.

Могерини ќе има средби со премиерот Зоран Заев, со претседателот на државата Ѓорѓе Иванов, а ќе се сретне и со лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски. Како што соопшти владината прес-служба, Могерини и Заев ќе ја посетат Турската Чаршија, каде ќе дадат кратки изјави за медиумите.

Целта на посетата, велат од кабинетот на Могерини, е да разговара за “иднината на односите и перспективата на интеграција во ЕУ за земјата“, јави дописничката МИА од Брисел.

Високата претставничка потсети дека го поздравува „историскиот договор“ постигнат со Грција за името и дека ЕУ ја поддржува земјата, согласно „зајакнатата заложба на ЕУ на Западниот Балкан“.

Посетата на Могерини е во пресрет на референдумот закажан за 30 септември на кој граѓаните треба да се изјаснат за Договорот од Преспа.

Би можело да ве интересира

Милановиќ: ЕУ не е држава, а нејзина надворешна политика не постои

А1он

Пирц Мусар: Проширувањето на ЕУ кон Западен Балкан претставува стратешка инвестиција во мирот

А1он

„Ханделсблат“: Потпирањето на Киев врз помошта од ЕУ нема да го спречи мирот под условите на Русија

ЕУ: Украина напредува кон членство во ЕУ и покрај војната

(ВИДЕО) Мицкоски: Подобар извештај од ЕК, нема констатации за назадување – остануваат политичките услови за ЕУ

Горан Наумовски

Каја Калас: Пакетот за проширување испраќа јасна порака – реформите даваат резултати