МНТ: Повредата на актерката Велјанова не е поврзана со техниката на сцената

Од:

Еден ден откако актерката Лилјана Велјанова се повреди во новиот објект на МНТ, од театарот пристигна реакција

„Сакаме да дадеме демант по повод написите во некои медиуми и на социјалните мрежи за вчерашниот несреќен случај кога во МНТ се повреди актерката Лилјана Велјанова.

Најпрво сакаме да разјасниме дека повредата не се случи за време на проба ниту на сцена и не е поврзано на било каков начин со техниката и технологијата во театарот. Имено вчера, на 05.01.2016 година, актерката Лилјана Велјанова, доаѓајќи на прва мизансценска проба на претставата „Квартет“ на Малата сцена, движејќи се низ подрумските простори на театарот падна и се повреди. Во тие моменти таа беше сама. Потенцираме дека несреќниот случај не беше на сцената на која се работи претставата, ниту пак на Големата сцена на МНТ и воопшто не е поврзан со сценската техника.

Актерката Лилјана Велјанова изјави: „Нема потреба да се прави случај од оваа моја повреда. Не сакам никој вработен во театарот да одговара за ова, одговорноста е моја. Се работи за несреќен случај, настанат поради мое лично невнимание во моментот кога доаѓав на проба.“

Екипата на „Квартет“ смета дека она што е сега важно е дека актерката Лилјана Велјанова е во стабилна состојба и се чувствува подобро и дека е навистина некоректно и штетно во вакви моменти да се шпекулира и да се дезинформира јавноста без да се знаат фактите.

Македонскиот Народен Театар секогаш е транспарентен во својата работа и отворен за целокупната јавност и медиумите и токму поради ова, сите настанати шпекулации и погрешно информирање на јавноста ги сметаме за некоректни и непотребни.“, пишува во соопштението од МНТ.

Би можело да ве интересира

МНТ со „Лагата“ учествува на 31. издание на фестивалот „Ристо Шишков“

Претставата „Народен непријател“ гостува на два меѓународни фестивали во Црна Гора

МНТ со „Нема да биде крај на светот“ гостува во TEATRO DEL FUOCO, Италија

Актерот Трајче Ѓоргиев ќе биде погребан в понеделник

Ана Ололовска

Почина актерот Трајче Ѓоргиев

Ана Ололовска

МНТ со „Народен непријател“ гостува во Црна Гора и БиХ

Ана Ололовска