МНР: Пронајдено безживотно тело на македонски државјанин во Бугарија

Од:

Според првични информации кои Амбасадата на Северна Македонија во Бугарија ги доби од надлежните институции на Република Бугарија, во текот на вчерашниот ден во Бугарија е пронајдено безживотно тело на И.Н. на возраст од 49 години, државјанин на Република Северна Македонија.

Како што соопшти МНР, Амбасадата на Северна Македонија во Софија продолжува да биде во редовна комуникација со надлежните органи во Бугарија, од кои се очекуваат повеќе информации во врска со случајот и за текот на постапката за целосно расчистување на случајот, за што МНР дополнително ќе ја информира јавноста.

-Воедно Амбасадата останува на располагање на семејството на починатиот граѓанин за евентуални потреби, наведуваат од МНР.

Бугарската телевизија бТВ претходно, повикувајќи се на полицијата во Бургас, објави дека 14-годишник е приведен за убиство на македонски државјанин во Сончев Брег.

Телото на жртвата било откриено вчера во шумска област до местото „Бачата“. Утврдено е дека станува збор за 49-годишен македонски државјанин кој влегол во Бугарија преку граничниот премин Ѓуешево на 24 јануари годинава.

Во истрагата полицијата утврдила дека убиството го извршило 14-годишно момче од Несебар. Македонскиот државјанин бил претепан до смрт со кол, наведува бТВ повикувајќи се на полицијата во Бургас.

Би можело да ве интересира

Две сообраќајни несреќи со жртви во еден ден

Воз му ја прегази ногата на мигрант од Алжир во Гевгелија

Скопјанец ја тепал и ја избркал сопругата од дома, децата ги заклучил во тоалетот

Катерина Ѓуровски

Приведен вработен во МВР, возел во спротивна насока, а кога бил запрен, му се заканувал на полицискиот службеник

Катерина Ѓуровски

80-годишен Грк осомничен за убиството на ловочуварот кај Виница

43-годишна жена пронајдена мртва во стан во Кисела Вода