МНР: Изјавата на Самарас е одраз на личниот демократски капацитет

Од:

Ставовите на грчкиот премиер Андонис Самарас, изнесени во Брисел кои се однесуваат на Република Македонија и македонскиот јазик, се одраз на личен демократски капацитет и за прифаќање различности во модерното европско општество, се вели во пишаната изјава на Лолита Хасани од Секторот за односи со јавност од Министерството за надворешни работи.

Како што наведува таа, македонскиот јазик е реалност официјално препознаен дури и во Атина, како од периодот пред и помеѓу светските војни, така и во рамки на третата конференција за стандардизација на географски имиња, одржана во Атина во 1977 година.

– Не е добро политичар од земја членка на ЕУ да руши столбови на владеење на правото и демократските принципи. Не е добро да се игнорираат пресуди на Меѓународниот суд на правдата кои се однесуваат на кршење на меѓународното право. Најмалку е добро да се поттикнува нетолерантност кон разликите преку манипулирачки изјави за непризнавање посебности на држави, етникуми, јазици и идентитети, стои во изјавата од Хасани.

Воедно, се додава, несоодветно е политичар кој инсистира на солидарност во финансиски контекст, да подзаборава на иста солидарност во демократски контекст, во што секако спаѓа и почитувањето на посебностите и основните човекови права.
Самарас на завршната прес-конференција по завршетокот на грчкото претседавање со ЕУ, во Европскиот парламент во Стразбур рече дека македонскиот јазик не постои, оти го измислиле комунистите и дека Македонија води политика на екстремни ставови и непопуштање, а не дијалог.

Би можело да ве интересира

Самарас: Извештајот на Дора Бакојани не ја претставува Грција

Самарас: Грција излегува од „магичниот круг“

Емир Латифовиќ