Млада девојка усмртена на „Партизанска“, уапсен 20-годишникот кој ја удрил

Од:

Дваесет и две годишна девојка од Скопје почина откако беше удрена од автомобил на булеварот „Партизански одреди“.

Тешката сообраќајка се случила вчера во 23:43 часот, а според полициските извештаи автомобил „пежо 207“ со скопски регистарски ознаки, управуван од В.Ј.(20) од Скопје, удрил во пешакот Ф.К.(22) од Скопје.

-Од здобиените повреди на местото на несреќата починала Ф.К., а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. Увид на местото извршиле увидна екипа на СВР Скопје и јавен обвинител, по чија наредба телото на починатата било дадено на обдукција, велат од МВР.

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје синоќа изврши увид на лице место на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје, каде во тешка сообраќајна несреќа едно лице го загуби животот, информираше Јавното обвинителство.

Јавниот обвинител издал наредба за обдукција на телото на починатата. Возачот е задржан и за него е издадена наредба за испитување на крв и урина. Исто така, јавниот обвинител издава наредби за обезбедување на снимки од видео надзор на локацијата, како и за преземање на сите други дејствија за целосно испитување на настанот.

Би можело да ве интересира

Индиции за убиство и самоубиство во случајот во Богданци

Катерина Ѓуровски

Две тела и опожарено возило кај Богданци

Катерина Ѓуровски

Шестгодишно дете тешко повредено откако било прегазено од камион во Скопје

Полицајка и раководител во Прифатниот центар за странци под истрага за тешка кражба и полово вознемирување

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Во сообраќајка загина 30 годишна жена, тројца се тешко повредени

А1он

Битолчанка и Естонец измамиле стотици граѓани со лажна инвестициска платформа