Мирко Манасиев од селото Цера го фати крстот во Каменичка Река

Од:

Над илјада верници присуствуваа на чинот на осветување на водите на Каменичка Река во центарот на Македонска Каменица. Од дваестината храбри момчиња кои се пуштија по светиот крст во реката, највешт и најсреќен беше Мирко Манасиев од селото Цера, кој по втор пат го фаќа светиот крст во водите на реката.

– Јас осум пати досега сум скокал по светиот крст. И утрово кога видов дека има нов снег, си реков дека ништо нема да ме спречи да стигнам до Македонска Каменица, рече Манасиев, кој е татко на три деца, а работи договорно во ЈП „Македонски шуми“.

Тој им се заблагодари на сите верници, посакувајќи им среќа и бериќет.

Градоначалникот на Македонска Каменица, Дарко Митевски, на Манасиев му додели медалјон. – По традиција, Општина Македонска Каменица на среќникот кој што ќе го фати крстот му доделува медалјон кој ќе остане како спомен кај него и неговото семејство, рече Митевски. Во оваа пригода тој им посака на сите верници многу здравје, среќа и бериќет.

На чинот на полжувањето на крстот му претходеше утринска свечена литургија во градската црква „Успение на пресвета Богордица“ по што следуваше лицитација на икони. Од црквата, среќниот фаќач на крстот доби на подарок икона и библија.

Би можело да ве интересира

Двајца скопјани кои вчера скокаа по светиот крст се спасени од давење во Вардар

Горан Наумовски

24-годишниот Дарко Митровиќ го фати крстот во водите на Вардар во Скопје

Горан Наумовски

Мицкоски: Време е за чесност, солидарност и грижа за заедничкото добро

Горан Наумовски

Дамјан Стефановски најсреќен по фаќањето на светиот крст во Дебар

Мартин Гоџо го фати Чесниот крст на Богојавление во Охрид

Досега 140 пријавени за фаќање на крстот во Вардар на мостот „Слобода“ во Скопје