Министерството за информатичко опшество доби сертификат за воведување на ИСО 9001:2008 стандардот

Од:

Министерството за информатичко општество и администрација денеска се стекна со сертификат ISO 9001:2008, кој претставува значаен стандард за квалитет во работењето на институцијата.

Министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски, кој денеска го прими сертификатот од претставник на сертификациската куќа ТУВ Австрија, истакна дека станува збор за стандардизирање на 21 процес и 64 процедури чиј процес на стандардизација започнал втората половина на 2011 година, а системот бил ставен во функција на почетокот на оваа година за што се одржале обуки за вработените.

„Овие процедури кои беа избрани беа токму процедурите кои се најзначајни за работењето на Министерството. Очекуваме дека не само што ќе се подобри внатрешната организација на Министерството, туку и резултатите од услугите што ги нудиме кон институциите и граѓаните, рече Ивановски.

Тој посочи дека согласно заложбите на Владата за подобрување на квалитетот на работењето на државната администрација овој стандард треба да се примени и во сите останати министерства и институции со цел, како што рече, администрацијата да прерасне во услужно ориентирана администрација, а институциите кои нудат услуги на граѓаните да бидат поефикасни и поефективни.

Дејан Лазаров од ТУВ Австрија истакна дека ова е нивна прва соработка со владина институција во Македонија и дека се избрани на јавен повик.

„Министерството за информатичко општество и администрација е првата владина институција која е сертифицирана од страна на ТУВ Австрија, рече Лазаров.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски

30 дена притвор за возачот во Владата кој зема поткуп

МВР: Приведен e возач во Владата, фатен e со обележани пари

Горан Наумовски