А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Министерство за правда: Без закон за конфискација на имот во граѓанска постапка не може да има борба против корупцијата и криминалот

by А1он21/09/2023 - 12:43347
Share0

Министерот за правда Кренар Лога присуствувал на последниот состанок на работната група која го подготвува новиот закон за конфискација на имот во граѓанска постапка. Предлагач на законот е Министерството за правда, а со работната група претседава вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење Славица Грковска.

Добивај вести на вибер

Со овој закон, како што соопшти денеска Министерството за правда, ќе се оневозможи располагање со имот и имотна корист што не може да се докаже дека е стекната од законски извори што ги прави противправните дејствија неисплатливи и овозможува ефективна борба против криминал и корупцијата.

Министерот Лога пред членовите на работната група посочил дека овој закон е од исклучително значење и без него не може да се спроведува борбата против криминалот и корупцијата.

Предметот на постапката уредена со овој закон опфаќа имот во или надвор од Република Северна Македонија кој е во сопственост на физички и правни лица.

Со овој закон, како што се вели во соопштението од Министерството за правда, се овозможува признавање и извршување на странски одлуки за конфискација во граѓанска постапка, како и меѓународна соработка со надлежни органи со цел оневозможување на располагање со имот кој не е стекнат од законски извори.

-Услов за поведување на постапката за утврдување на имот чие стекнување не може да се докаже дека е од законски извори согласно овој закон е ако има разумно сомневање дека постои имот чие стекнување не може да се докаже дека е од законски извори и ако нето вредноста на имотот чие стекнување не може да се докаже дека е од законски извори надминува 30.000 евра во денарска противвредност според средниот курс на Народна банка на Република Северна Македонија, велат од Министерството за правда.

Надлежен орган за прибирање на податоци за имот чие стекнување не може да се докаже дека е од законски извори е Управата за финансиска полиција која може да поднесува иницијатива до Државниот правобранител за определување на мерка за обезбедување на имот.

Текстот на предлог законот ќе биде испратен на мислење до Венецијанската комисија и Европската Комисија.

ministerstvo za pravda

Би можело да ве интересира

МП: Протестот е демократско право, но загрижува улогата на опозициска партија и обидот за манипулација

А1он06/04/2026 - 16:10

„Не го допирајте законот за јазиците“, порака од протестот за полагање правосуден на албански

Катерина Ѓуровски06/04/2026 - 14:07

Протест на студентите за полагање правосуден испит на албански јазик

Катерина Ѓуровски06/04/2026 - 09:4006/04/2026 - 09:44

Материјалите не биле преведени на албански, одложена конститутивната седница на работната група за реформи во изборното законодавство

Катерина Ѓуровски27/02/2026 - 14:29

Владата го утврди Предлог – Законот за Советот на јавните обвинители

Катерина Ѓуровски10/02/2026 - 14:47

Министерството за правда бара партиите и независните групи да номинираат претставници за работната група за Изборниот законик

Катерина Ѓуровски30/12/2025 - 12:35
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто