Министерство за образование: МОФ задоцни со реакцијата

Од:

Процесот на екстерното тестирање е во завршна фаза, така што петицијата е задоцнета реакција без ефект, реагираат од Министерството за образование и наука на поднесената петиција со 25.000 потписи која денеска им ја достави Младинскиот образовен форум.

„Имајќи го во предвид фактот дека 98 проценти од учениците ги добија свидетелствата (2 отсто ќе бидат тестирани во август), а 17.000 осмооделенци се веќе запишани во средните училишта, екстерното тестирање ќе продолжи да биде законски проект и во тој дел ставот на министерството е јасен – нема никакви компромиси за пилотирање на успешно спроведена реформа, токму со поддршката на повеќе од 200.000 ученици, родители и наставници, без притоа некој да биде оштетен, постапувајќи позитивно по најголем дел од вкупниот број 3.200 поднесени приговори во законски утврдениот рок, што претставува 1,7% од тестираните ученици. Сепак, Министерството за образование и наука изразува благодарност до Здружението на граѓани јавно понудената поддршка и иницијатива за подобрување на процесот на екстерното тестирање, со што имплементаторите на оваа круцијална реформа добиваат нов партнер во идејата за подигнување на квалитетот на македонскиот образовен систем “ се вели во реакцијата на МОН

Би можело да ве интересира

Владата дава еден месец попуст од 10 до 15 отсто за моливи, боици, ранци, тетратки…

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Ангелковска: ВМРО-ДПМНЕ системски го партизира и образованието, постоечките образовни асистенти заменети со нови партиски кадри

Донесовме одлука за етапно покачување на платите на наставниците во период од четири години, вели Јаневска

За следната учебна година ќе има учебници за секое дете, вели министерката Јаневска

Деканите на Сити Колеџ: Ние ги градиме идните лидери!

A1on

Трамп потпиша извршна наредба за распуштање на Министерството за образование