А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Министерство за култура: ЗАМП се служи со груби невистини и ја манипулира јавноста

by А1он04/10/2016 - 18:16145
Share0

Наводите изнесени денеска во дневниот печат како реакција на Здружението за заштита на авторските музички права „ЗАМП“ – Скопје, а по повод соопштението на Министерството за култура по одлуката на ЗАМП за забрана за емитување на музички дела по пат на радиодифузно емитување се неточни и целосно невистинити и истите претставуваат грубо клеветење на Министерството за култура.

Добивај вести на вибер

Неприфатливо е, едно здружени како ЗАМП кое колективното управување го остварува долги години наназад, да покажува огромно непознавање на одредбите од Законот за авторското право и сродните права во однос на законските надлежности на Министерството за култура по овој Закон.

Согласно член 140-а од Законот за авторското право и сродните права, согласност на тарифите на организациите за колективно управување дава Владата на Република Македонија, по предлог на Комисијата за посредување во авторското право и сродните права. Министерството за култура нема надлежност и е целосно исклучено во постапката за донесување на Тарифите.

За Министерството за култура несфатливо е едно здружение за колективно управување, во конкретниот случај ЗАМП, да се служи со груби невистини и да ја манипулира јавноста и авторите дека државен орган како што е Министерството за култура би можело на било кој начин да влијае врз одлуките на Владата на Република Македонија која претставува колективно тело и која самостојно одлучува по прашања од својата надлежност.

Исто така за Министерството за култура несватливо е едно здружение за колективно управување односно ЗАМП да се служи со груби невистини, манипулации и клевети дека Министерството за култура би можело на било кој начин да ги поттикнува корисниците на музика кои имаат склучено договори со ЗАМП да се служат со невистини за ова здружение.
Министерството за култура како и досега, така и во иднина ќе укажува на потребата проблемите во авторското право пред се да се решаваат на конструктивен начин и во взаемен дијалог меѓу авторите и корисниците, а имајќи ја предвид неприкосновеноста на авторското право и сродните права.

Во однос на законската основаност на одлуката за забрана за користење на дела од репертоарот на „ЗАМП’’, а во интерес на сите засегнати страни, Министерството за култура ќе постапи согласно својата законска надлежност, за што дополнително ќе ја информира јавноста.

zamp

Би можело да ве интересира

Дали ќе остане забраната за емитување на македонска, српска и хрватска музика?

Ана Ололовска31/12/2015 - 12:4031/12/2015 - 14:11

Ново здружение за заштита на авторски музички права

Ана Ололовска09/11/2015 - 12:31
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен