А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Министерство за култура: ММИ неможе да наплаќа надоместоци за музика

by А1он09/01/2013 - 19:2009/01/2013 - 19:53160
Share0

Министерството за култура апелира телевизиите Сител, Канал 5 и Алсат да се воздржат од примена на одлуката за непуштање на македонска музика на своите програми, поради најавите од Македонска музичка индустрија дека од почетокот на годинава за тоа ќе почнат да наплаќаат средства. Од Министетството посочуваат дека ММИ пред да прати дописи за наплата според Тарифникот, треба претходно постигнато договор со корисниците.

Следете a1on на Instagram Instagram

– Националните телевизии отсекогаш давале исклучително голем придонес за развојот на македонската музика и македонското творештво, и во таа насока апелираме до националните телевизии Сител, Канал 5 и Алсат да се воздржат од примена на одлуката за непуштање на македонска музика на своите програми, бидејќи не треба да се дозволи музиката и творештвото да трпат штета заради однесување на определени организации кои треба и мора да работат согласно законот, се вели во соопштението од Министерството за култура.

Во него се додава дека за Министерството е неприфатливо Организацијата ММИ пред да иницира постапка за преговарање со корисниците, да започне со примена на Тарифата како основ за наплата на надоместоците.

Оттаму ги повикуваат корисниците, кои од страна на организацијата ММИ се известени дека ќе започне со наплата на надоместоците согласно Тарифата, а без притоа да е започната постапка со нив за договорно утврдување на висината на надоместоците, да го известат Министерството за култура заради разгледување на материјата и натамошно процесуирање.
– Информираме дека дописите кои организацијата ММИ ги има доставено до корисниците, без претходно со нив да отпочне постапка за договорно уредување на односите и висината на надоместоците, не предизвикуваат никакво правно дејство ниту пак создаваат обврска за корисниците, бидејќи истите дописи се надвор од законски уредената процедура, се вели во соопштението.

Следете a1on на Youtube YouTube

Министерството за култура потенцира дека целосно го респектира законското право носителите на правата од користењето на својот труд и сопственост да остваруваат свои приходи, но исто така го уважува и фактот дека поддршката на корисниците е основен предуслов за остварување на нивната дејност и права, заради што цени дека и донесувањето на Тарифата треба да биде од заемен интерес на носителите на правата, корисниците и пошироката општествената заедница, согласно законот и процедурата.

kultura

Би можело да ве интересира

Турската кинематографија во фокусот на „Бич филм фестивал Охрид“

Предраг Петровиќ30/07/2026 - 16:05

„Синот на кројачот“ од Јелена Бачиќ Алимпиќ меѓу новите изданија во акцијата „Со книга на плажа“

Предраг Петровиќ26/07/2026 - 10:14

Незаборавна Шпанска вечер на „Охридско лето“ со триото „Вибрарт“

Предраг Петровиќ26/07/2026 - 09:49

„Коулун, заградениот град“ од Јана Узунова, книга бр. 250 во едицијата ПРОаЗА на Или-Или

Предраг Петровиќ17/07/2026 - 16:02

Променета локација на концерт на Скопско лето

Предраг Петровиќ11/07/2026 - 09:48

„Со книга на плажа“ во полн ек: „Матица“ ги објави „Ослободи ме“ и „Пронајди ме и Отворената врата“ од Лорелин Пејџ

Предраг Петровиќ11/07/2026 - 09:43
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео