Министерска конференција „Наследство за иднината”

Од:

Државниот секретар во Министерството за животна средина и просторно планирање, Ана Петровска, како шеф на македонската делегација, престојува во Подгорица, на министерската конференција „Наследство за иднината”.

На конференцијата заседаваа високи претставници на министерствата надлежни за животната средина од земји од Централна и Источна Европа, предводени од Министерот за одржлив развој и туризам на Црна Гора.

Покрај другото, на конференцијата се разгледуваше Рамковен документ врз основа на кој Република Кина и државите во регионот ке ја развиваат соработката и ќе обезбедуваат финансиски средства за реализација на приоритетни проекти.

Во блокот наменет за обраќања на високите претставници, Петровска ги поздрави присутните информирајќи за напорите на Министерството за животна средина и просторно планирање во насока на усогласување со стандардите за животна средина на ЕУ и подготвеноста за вклучување на Македонија во оваа иницијатива.

Попладнето Петровска и македонскиот амбасадор во Црна Гора Мухајло Трпковски имаа билатерална средба со министерот за одржлив развој и туризам Павле Радуловиќ и неговите соработници. На средбата се дискутираа можните области за соработка помеѓу Македонија и Црна Гора со цел поефикасно искористување на средствата што ке бидат достапни преку регионалната соработка со Република Кина.

Би можело да ве интересира

Министерството за живтна средина му ги одзеде ингеренциите на градоначалникот на Свети Николе за депонијата кај Мечкуевци

Фабриката „Пејпер мил“ ја изгаси печката, инспекторите утврдиле загадување

Ана Василевска

МЖСПП: Подари ѝ „климатска акција“ на својата планета

А1он

Министерство за животна средина: Евтините сензори за аерозагадувањето не се сигурни, ниту се валидни

Татјана Ташкова

Макрадули: Саниран инцидентот во „Охис“, не постои никаква опасност

Татјана Ташкова

ВИДЕО: Војска пристигна во „Охис“ по излевањето на високотоксична хемикалија

Габриела Димковиќ-Мишевска