Министерот за дијаспора Адеми во официјална посета на Романија

Од:

Министерот задолжен за дијаспората Едмонд Адеми, во придружба на директорот на Агенцијата за иселеништво на Република Македонија Никола Шалваринов, од денеска до 10-ти овој месец ќе бидат во официјална посета на Романија.

За време на посетата, делегацијата предводена од министерот Адеми, како што соопшти неговиот кабинет, ќе има средби со претставници на дијаспората од Македонија во Романија, при што ќе учествува на настанот „Ден на македонскиот јазик во Романија“, а ќе имаат и средби со Заедницата на Албанците во Романија, по потекло од Република Македонија.

Инаку, „Денот на македонскиот јазик во Романија“ е определен по Декретот на претседателот на Романија, Клаус Вернер Јоханис, бр. 625, од 26 јули 2018 година за прогласување на Законот за основање на Денот на македонскиот јазик, според одредбите на чл. 77 параграф 1 и чл. 100 параграф 1 од Уставот на Романија.

Покрај учеството на настани и средби со дијаспората, министерот Адеми ќе оствари билатерални средби и со министерката за Романците во странство, Наталиа Елена Интотеро и министерот за култура и национален идентитет, Валер Даниел Бреаз.

Во рамки на официјалната посета на Романија, на македонската делегација ќе и се организира прием во Парламентот на Романија и во тие рамки, министерот Адеми ќе има средба и со пратеничката на македонската заедница во Парламентот, Мариана Венера Попеску.

Министерот Адеми, како што соопшти неговиот кабинет, со соговорниците, меѓу другото ќе разговараат и за други прашања од областа на културата во интерес на унапредувањето на положбата на нашите претставници на дијаспората и нивна инклузивност во економскиот, политичкиот, социјалниот и културниот живот во овие две пријателски земји.

Меѓу другото, ќе се разменат мислења и искуства на Македонија и Романија кон членството на НАТО и ЕУ и регионалната соработка и други прашања од поширок интерес, за време на шестмесечното претседавањето на Романија со ЕУ од почетокот на јануари 2019 година.

Би можело да ве интересира

Романскиот претседател ја отфрли идејата за референдум за обединување на Романија со Молдавија

А1он

Го убија другарот (15) со нож и секира, па го запалија телото – причина за злосторството е љубомора

А1он

Романка сама си праќаше заканувачки пораки за да го обвини екс сопругот

А1он

Снежно невреме во Романија, над 11.000 домаќинства останаа без струја

А1он

Земјотрес во Романија

(ВИДЕО) Несреќа во Романија: Се урна таван од затворен базен, се трага по деца кои се под урнатините