Министерот Спасовски на Шестата министерска конференција од Будимпештанскиот процес

Од:

„Будимпештанскиот процес две и пол децении опстојува во формулирањето на меѓувладините дијалози, успевајќи да ги препознае и синтетизира различните миграциски политики на државите, надополнети со визијата и мисијата на десетина меѓународни организации кои што се блиски соработници во градењето заеднички миграциски стратегии. Да споменам само дел од спектрумот активности што се спроведуваат во рамки на овој процес: олеснување на размена на информации и најдобри пракси во легалната и илегалната миграција, азилот, визите и визните политики, граничното управување, трговијата со луѓе и криумчарењето мигранти, реадмисијата и уште многу други“.

dobivaj vesti na viber

Ова меѓу другото ги истакна денеска министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски во своето обраќање во рамки на Шестата министерска конференција од Будимпештанскиот процес, што се одржува во Истанбул, Турција.

Министерот Спасовски посочувајќи го значењето на Будимпештанскиот процес како миграциски дијалог инициран во рамки на Меѓународниот центар за развој на миграциски политики (ИЦМПД) во кој членуваат 53 земји од светот како и десетина релевантни невладини и други организации од областа на миграциите, чиј што претседавач годинава е токму Република Северна Македонија, ја потенцираше исклучителната важност на двата документи кои за време на Конференцијата беа разгледани и усвоени Министерска декларација под наслов „Заложбите од Истанбул“ како и „Повик за акција“.

Будимпештанскиот процес е мост меѓу Западот и Истокот и обезбедува блиски средби, размена на искуства и соработка меѓу претставници од различни географски локации, но кои се соочуваат со заеднички предизвици. Ова е прва министерска конференција одржана по шест години од претходната, на која што Декларацијата усвоена за време на истата има за цел да послужи за идно обликување на миграциските процеси и обезбедување цврста посветеност и соработка од страна на сите земји учеснички во Будимпештанскиот процес во нивното справување со предизвиците кои ги носи миграцијата.

Учеството на министерот за внатрешни работи, Спасовски, е дотолку поважно во контекст на претседавањето на Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија со Управната група на Меѓународниот центар за развој на миграциски политики (ИЦМПД) во текот на 2019 година, кога ќе бидат одржани неколку состаноци во нашата земја на кои ќе присуствуваат експерти за миграција и високи делегации од сите земји членки на ИЦМПД.

„Документите кои што денес ги усвојуваме – „Заложбите од Истанбул“ и „Повикот за акција“ – се конечно – вистинска можност за едно сеопфатно управување со миграцијата од сите нејзини аспекти, задржувајќи ја рамнотежата меѓу дијалогот и оперативните активности. Имено, Будимпештанскиот процес ја задржува „големата слика“ на сцената на миграцијата, обединувајќи различни миграциски реалности околу една заедничка цел – постојан миграциски дијалог, но тоа е и една од ретките организации финансиски и технички поддржана во сите области на миграцијата, не само во делот релевантен за прашања од безбедноста“, нагласи министерот Спасовски.

На маргините од оваа дводневна министерска конференција, министерот Спасовски, оствари билатерална средба со домаќинот на собирот, министерот за внатрешни работи на Република Турција Сулејман Сојлу, на која двајцата министри ја потенцираа извонредната билатерална, партнерска соработка и меѓусебна поддршка не само на двете институции – министерствата за внатрешни работи, туку и меѓу двете земји во целина која што традиционално е на исклучително високо ниво. Министерот Спасовски оствари средби и со министерот за надворешни работи на Унгарија, Петер Сијарто и со Михаил Шпинделегер, Генералeн директор на Меѓународниот центар за разговор на миграциска политика (ИЦМПД) .

 

 

Би можело да ве интересира

Спасовски: Постигнати се добри резултати во санкционирање на насилството врз жени

Горан Наумовски

Алијанса за Албанците бара Спасовски да поднесе оставка поради случајот Онишченко

Катерина Павлова-Николовска

(ВИДЕО) Оливер Спасовски за бугарскиот клуб: Лично го осудувам отворањето на вакви здруженија

Катерина Павлова-Николовска

Спасовски: Државата е подготвена за прифаќање украински бегалци

Горан Наумовски

Муареми ќе го гони обвинителката која се спогоди за „Империја“, а Спасовски е во рацете на обвинителката која го гони Зеќири

Кристијан Ландов

Спасовски: МВР презема мерки за заштита на пратениците во Собранието пред седницата за францускиот предлог

Орце Костов