Министерот Муртезани се сретна со бугарскиот амбасадор Радуков

Од:

Министерот за европски прашања Орхан Муртезани, денеска остварил средба со новименуваниот вонреден и ополномоштен амбасадор на Бугарија во Северна Македонија, Жељаско Радуков.

Министерот Муртезани, како што соопшти Министерството за европски прашања, изразил надеж за успешни парламентарни избори во Бугарија, гледајќи ги како важен чекор за унапредување на билатералните односи преку продлабочување на заемната доверба.

Тој ја нагласил силната посветеност на Владата кон европската агенда и нејзините активни напори за постигнување достоинствено решение во контекст на исполнување на потребните услови за забрзување на процесот кон полноправно членство на Северна Македонија во Европската Унија.

Муртезани и Радуков ја истакнале важноста од консолидација на заемната доверба и соработка, особено во контекст на евроинтегративниот процес, на кој треба да се гледа како на заеднички стратешки приоритет. За време на разговорот бил потенциран ангажманот за конструктивен и транспарентен дијалог со цел унапредување на добрососедските односи и решавање на заедничките предизвици во духот на соработка и партнерство.

Би можело да ве интересира

Муртезани на средба со еврокомесарката за проширување

А1он

Муртезани во Киев потпиша Меморандум за соработка со Украина во процесот на ЕУ интеграција

Муртезани: Никогаш не сум рекол дека ќе излеземе од Владата ако нема уставни измени на крајот од годината

Муртезани: Секое решение коешто ние ќе сметаме дека го обезбедува процесот на пристапување на земјата во ЕУ, за нас ќе биде прифатливо

Муртезани ќе им дели црвени, жолти и зелени картони на министрите за спроведените реформи

Катерина Ѓуровски

Неодбивањето на Фон дер Лајен на нашиот предлот значи дека има простор за потенцијално решение за уставните измени толкува Муртезани