Министерот Лога бара Судскиот совет да ја изземе Лорета Ѓоргиева поради конфликт на интереси

Од:

Министерот за правда Кренар Лога со писмен допис бара од Судски совет поради конфликт на интереси да ја изземе Лорета Ѓоргиева од Комисијата на известители по поднесени барања за утврдување одговорност на судија/претседател на суд.

Лога во дописот до Судски совет наведува дека и покрај претходните укажувања за навремено доставување на материјалите, тие не му се доставуваат ниту пред ниту после одржувањето на седницата која е одржана на 23 ноември.

„Недозволиво е министер за правда да се информира за точките од дневниот ред од медиумите преку кои бевме информирани за изборот на Лорета Ѓоргиева за член на Комисијата. Поради конфликтот на интереси и фактот што Ѓоргиева јавно застана во одбрана на судијата Лазар Нанев, кој неодамна беше ослободен од функцијата претседател и член на Советот на ИКТ, министерот за правда бара Судскиот совет да ја изземе Ѓоргиева од Комисијата на известители по поднесени барања за утврдување одговорност на судија/претседател“ се наведува во дописот на Лога.

Доколку Ѓоргиева не се изземе од комисијата, Судскиот совет прави лош преседан со кој ќе се намали и онака ниската доверба на граѓаните во правосудниот систем, изјави министерот Лога.

Би можело да ве интересира

Лога му се спротивстави на Таравари: Алијансата за Албанците оди сама на избори

Горан Наумовски

Лога ќе бара да се свика Советот за безбедност за осудениците за кои нема место во затвор

Горан Наумовски

Лога: Испративме дописи до координаторите на пратеничките групи и до Мицкоски за да се изјаснат за Предлог-законот за амнестија

Лога: Уставниот суд ја отвори Пандорината кутија

Лога: Едно од можните решенија е со законски преодни одредби да имаме престанок на мандатот на сегашниот состав на Судскиот совет

Лога: Ги повикувам сите политички партии, со консензус да донесеме нов Изборен законик