Лога: Испративме дописи до координаторите на пратеничките групи и до Мицкоски за да се изјаснат за Предлог-законот за амнестија

Од:

Министерството за правда во пет наврати испратило допис, по писмен и по електронски пат, во врска со новиот Предлог-закон за амнестија до сите координатори на пратеничките групи, како и до претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, барајќи да се изјаснат за него.

– Министерството за правда неколку пати испрати дописи до координаторите на политичките партии во Собрание на Република Северна Македонија за да се изјаснат за новиот Предлог-закон за амнестија. Барањата се испратени по писмен и електронски пат на 18 и 20 јули, на 24 август и на 11 и 13 септември. Со предлог-законот преку писмен допис е запознат и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, вели министерот за правда Кренар Лога.

Од нив e побарано во најкус можен рок да го разгледаат и да се изјаснат за законското решение, давајќи свои забелешки и сугестии.

– Укажуваме дека состојбата во затворите е алармантна за што посочуваат и бројните меѓународни извештаи кои се занимаваат со ова прашање, како и од страна на Комитетот против тортура во рамките на Советот на Европа, информира министерот за правда.

Тој појаснува дека со амнестијата се очекува да бидат опфатени лица кои се осудени на казна затвор до шест месеци, и оние осудените над шест месеци, кои треба да се ослободат од издржување на 30 отсто од целокупната казна изречена со правосилна пресуда.

– Ги замолуваме сите политички партии да го поддржат овој хуманитарен чин кој е од интерес за граѓаните и да го изгласаат ова законско решение, апелираат од Министерството за правда.

Би можело да ве интересира

Лога му се спротивстави на Таравари: Алијансата за Албанците оди сама на избори

Горан Наумовски

Министерот Лога бара Судскиот совет да ја изземе Лорета Ѓоргиева поради конфликт на интереси

Лога ќе бара да се свика Советот за безбедност за осудениците за кои нема место во затвор

Горан Наумовски

Лога: Уставниот суд ја отвори Пандорината кутија

Лога: Едно од можните решенија е со законски преодни одредби да имаме престанок на мандатот на сегашниот состав на Судскиот совет

Лога: Ги повикувам сите политички партии, со консензус да донесеме нов Изборен законик