Министерот Кралев во работна посета на Турција

Од:

Делегација на Министерството за образование и наука, предводена од ресорниот министер Панче Кралев од денеска ќе претстојува во тридневна работна посета на Република Турција.

За време на посетата, како што информира МОН, Кралев ќе посети повеќе образовни институции во Република Турција и ќе оствари средби со раководните лица на основни, средни училишта и високообразовни институции.

На средбите се очекува да се разговара за продлабочување на долгогодишната успешна соработка со Република Турција во областа на образованието, како и за интензивирање на соработката меѓу македонските и турските образовни институции, во сите сегменти на воспитно-образовната дејност.

Би можело да ве интересира

Јаневска објави: Нов закон за средно образование ќе има наскоро

Хајделберг факултетот се доближува до идните академски граѓани: Започна караван низ средните училишта во Македонија

A1on

(ВИДЕО) Николова: Предложените реформите се без јасна стратегија за развој и модернизација на образованието

ВЛЕН: Сериозно сме посветени на образованието кое беше во тотална летаргија

Јаневска: Пакетот закони од образованието се носи демократски и инклузивно

Горан Наумовски

Јаневска: Не дозволувам политички партии да печалат поени и да враќаат рејтинзи преку игри во образованието

Предраг Петровиќ