Министерот Кралев во посета на Норвешка

Од:

Делегација на Министерството за образование и наука, предводена од министерот Панче Кралев е во дводневна посета на Кралството Норвешка.

Целта на посетата, како што информираат од МОН, е одблизу да се видат институциите во Осло и Лилехамер кои работат на спроведување на концептот за интегрирано образование, како и проширување на соработката со долгогодишните партнери на Министерството за образование и наука кои изминатиов период финансиски поддржуваат голем број активности за спроведување на моделот на интегрираното образование во Република Македонија.

Министерот Кралев денеска ќе го посети „Соре Ал“, училиштето без училници во Лилехамер, како и Нансен Дијалог Академијата. Тој ќе има и работна средба со градоначалникот на Лилехамер, Епсен Јонсен, на која ќе разменат искуства од досегашните реализирани активности во двете земји.

Во текот на вчерашниот ден министерот Кралев имаше средба со потпретседателот на Собранието на Кралството Норвешка Актар Чаудри и со раководителот на Секторот за Западен Балкан при Министерството за надворешни работи на Норвешка, Хакон Бланкенборг.

Како што соопшти МОН, Кралев за време на престојот на Осло го посети и најголемото мултиетничко основно училиште и беше запознат со концептот на моделот на интегрираното образование во Норвешка.

Би можело да ве интересира

Јаневска објави: Нов закон за средно образование ќе има наскоро

Хајделберг факултетот се доближува до идните академски граѓани: Започна караван низ средните училишта во Македонија

A1on

(ВИДЕО) Николова: Предложените реформите се без јасна стратегија за развој и модернизација на образованието

ВЛЕН: Сериозно сме посветени на образованието кое беше во тотална летаргија

Јаневска: Пакетот закони од образованието се носи демократски и инклузивно

Горан Наумовски

Јаневска: Не дозволувам политички партии да печалат поени и да враќаат рејтинзи преку игри во образованието

Предраг Петровиќ