Министерот за образование и наука Панче Кралев, денеска ќе го посети основното училиште „Даме Груев“ во општина Градско каде во тек е изградба на спортска сала.
Кралев ќе присуствува и на поставување камен-темелник на спортска сала во основното училиште „Климент Охридски“ во Миравци.
Попладне во општина Зрновци, ресорниот министер ќе ја пушти во употреба спортската сала во основното училиште „Синиша Стоилов“.