Министерот Кралев лично ќе се ангажира за зголемување на наталитетот

Од:

Четири месеци има Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ да изготви национална стратегија за семејството, обврска што владата му ја даде на УКИМ.

– Во Македонија има тенденција на намалување на стапките на наталитетот и фертилитетот, на процентот на младата генерација, на бројот новозапишани во основни училишта. Овие податоци не се само бројки и гола статистика, туку предупредување дека е време нешто да се преземе – рече денеска ректорот на УКИМ Велимир Стојковски.

Министерот за образование Панче Кралев рече дека лично ќе придонесе за зголемување на наталитетот во Македонија.

– Цел на секој граѓанин, и моја, е стапување во брак и создавање семејство. Тоа е максималното нешто кое некој може да го оствари во живтотот – објасни Кралев.

Министерот за труд и социјална политика Спиро Ристовски рече дека намалувањето на наталитетот е проблем на модерното време со кој се соочува и Македонија.

– Само со целосно вклучување на севкупниот општествен потенцијал може да се избориме со овој сензитивен период во кој постојат тенденции за нарушување на семејните вредности и одржувањето на брачната заедница – рече тој.

Би можело да ве интересира

Донесовме одлука за етапно покачување на платите на наставниците во период од четири години, вели Јаневска

За следната учебна година ќе има учебници за секое дете, вели министерката Јаневска

Деканите на Сити Колеџ: Ние ги градиме идните лидери!

A1on

Трамп потпиша извршна наредба за распуштање на Министерството за образование

Јаневска објави: Нов закон за средно образование ќе има наскоро

Хајделберг факултетот се доближува до идните академски граѓани: Започна караван низ средните училишта во Македонија

A1on