Министерот Горан Минчев оствари средба со директорката на РеСПА

Од:

Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, денеска оствари работна средба со директорката на РеСПА, Маја Ханџиска Трендафилова.

Министерот Минчев ја информираше директорката на РеСПА за приоритетните активности во новото МЈА. Во фокусот на разговорите беше одличната соработка и идната подршка и можностите за користење на механизмите на РеСПА што нашата земја има можност да ги добива како земја членка.
Директорката на РеСПА г-ѓа Трендафилова го информираше министерот за мисијата и функционирањето на РеСПA, која има за цел да го поддржи создавањето на транспарентни, одговорни и професионални институции на јавната администрација кои обезбедуваат ефикасни услуги во корист на граѓаните и бизнисите.

Имено, РеСПА активностите се насочени и кон организирање и испорака на обуки, конференции, настани и публикации кои имаат за цел да пренесат нови знаења и вештини, како и да се олесни размената на искуства во рамките на регионот, помеѓу регионот и земјите членки на ЕУ.

Министерот Минчев , се заблагодари на придонесот и подршката што РеСПА ја дава на нашата земја во клучните реформски процеси и очекува соработката да продолжи и во иднина.
Македонија оваа година претседава со РеСПА.

Би можело да ве интересира

Минчев: Граѓаните го препознаа нашиот концепт на чесна, директна и народна политика

А1он

Продлабочувањето на соработката во фокус на средбата Минчев-Сулстром

Минчев: Државата не се гради само преку закони, туку преку институциите што ги имплементираат и луѓето што ги спроведуваат тие закони

Минчев: Академијата за јавна администрација ќе понуди структуирани обуки и развој на компетенции

Минчев: Храброста и идеалите на борците не водат во напорите за градење современа, демократска и праведна држава

Горан Минчев во Кочани: Поддршка за советничката листа и за Грозданов