Министерот Беџхети се сретна со пратеници од Европскиот парламент

Од:

Министерот за правда Блерим Беџхети денеска се сретна со пратеници во Европскиот парламент членови на Социјал-Демократската Алијанса предводени од Либор Роучек заменик претседател на Алијансата.

На средбата, како што соопшти Министерството за правда, Беџхети ги запознал присутните со реализацијата на досегашните реформи во правосудството, како и со активностите на институцијата со која раководи.

– Натамошното спроведување на реформата на правосудството треба да се базира на следниве приоритети, јакнење на независноста, непристрасноста и ефикасноста на правосудството, подобрување на управното право, натамошни реформи во кривичниот систем, развој на граѓанско правниот систем, унапредување на пристапот до правдата, како и унапредување на заштитата на човековите права, истакнал Беџети на средбата.

Министерот ги информирал соговорниците дека доследно се спроведуваат препораките на ГРЕКО и Венецијанската Комисија каде што Република Македонија има и свои претставници кои активно партиципираат во работата на истите.

– Во однос на активностите околу избирачкиот список и изборните правила, министерот информираше дека во Министерството за правда веќе подолго време активно работи работна група составена од експерти и претставници на политички партии кои работат на вметнување во законските прописи препораките на ОБСЕ и ОДИХР. Исто така, во Државната изборна комисија, работи група на прочистување на Избирачкиот список, истакнал министерот Беџети на средбата со пратениците од ЕП.

Би можело да ве интересира

Владата ќе формира Национален комитет за заштита и безбедност на новинарите

(ВИДЕО) Младеновска: Владата плаќа 350 милиони евра годишно за камати, повеќе отколку за социјална помош

СДСМ: Нема субвенции, нема откуп, нема мерки – земјоделците се оставени на цедило

Горан Наумовски

ДУИ: Македонија остана надвор од плановите на ЕУ за проширување, одговорноста е на Владата

Левица: Владата на Мицкоски признава фискален неуспех – ги промаши проекциите, ги крати инвестициите и ја задолжува државата

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски