Министерот Адеми студирал 10 години?

Од:

Деканот на Факултетот за механичко инженерство на Политехничкиот универзитет во Тирана потврди дека Абдлуаќим Абдулазис Адеми ги започнал студиите во 1988, а диплимирал во јуни 1996 година, пишува неделникот Фокус.

По обвинувањата на албанскиот аналитичар Кастриот Мифтарај дека македонскиот министер за образование Абдулаќим Адеми ја купил дипломата за инженер по металургија во Тирана, се огласи Деканот на Факултетот за механичко инженерство на Политехничкиот универзитет во Тирана, Андонач Лондо, со демант на ваквите тврдења.

– Според основниот регистер на дипломите што ги поседува Факултетот за механичко инженерство, потврдувам дека Абдлуаќим Абдулазис Адеми ги започнал студиите во 1988, а диплимирал во јуни 1996 година – изјави Лондо.

Министерот Адеми, пак, изјави дека започнал да студура на Факултетот за рударство и металургија во Косовска Митровица, каде завршил две години, по што се префрлил на сродниот тирански факултет.

Оттука произлегува нему му требале цели 10 години да дипломира, бидејќи за да ги заврши вторите две години во главниот град на Албанија му биле потребни 8 години.

Претходно, Мифтарај во колумна напиша:

„Адеми е познат во Тирана како човек што во 1996 година ја купил дипломата за инженер по металургија. Во 90-те индустријата за металургија, основана од Енвер Хоџа, престана со работа. Но Универзитетот за металургија продолжи да работи за некои луѓе да земаат плата, додека други, кои се занимаваа со политика, земаа плата и продаваа дипломи. Јас знам многу луѓе што работеа на таа катедра за да потврдам дека Адеми никогаш не бил на катедрата. Тој и денеска не знае каде се лабораториите, но ги знае само рестораните каде што ги чекал професорите за ручек и вечера, на кои на крајот им давал плик со германски марки за да ги помине испитите…“.

Би можело да ве интересира

Владата дава еден месец попуст од 10 до 15 отсто за моливи, боици, ранци, тетратки…

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Ангелковска: ВМРО-ДПМНЕ системски го партизира и образованието, постоечките образовни асистенти заменети со нови партиски кадри

Донесовме одлука за етапно покачување на платите на наставниците во период од четири години, вели Јаневска

За следната учебна година ќе има учебници за секое дете, вели министерката Јаневска

Деканите на Сити Колеџ: Ние ги градиме идните лидери!

A1on

Трамп потпиша извршна наредба за распуштање на Министерството за образование