Министерот Адеми ќе го потпише договорот „Хоризонт 2020“

Од:

Министерот за образование и наука, Абдилаќим Адеми денеска во Брисел во име на Владата ќе го потпише Меѓународниот договор помеѓу Република Македонија и Европската унија за учество во Рамковната програма за истражување и иновации – „Хоризонт 2020“.

„Хоризонт 2020“ е финансиски инструмент на Европската Унија за поддршка на истражувањето и иновациите, со цел креирање нови работни места, економски раст и конкурентност на Европа.

Активното учество на Република Македонија во програмата, како што се наведува во соопштението од МОН, обезбедува интернационален пристап во истражувањата и иновациите на научната и бизнис заедница од земјата, поттикнување на мобилноста, трансфер на знаења и технологии, како и пристап до врвна експертиза во соодветните области.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Ангелковска: ВМРО-ДПМНЕ системски го партизира и образованието, постоечките образовни асистенти заменети со нови партиски кадри

Донесовме одлука за етапно покачување на платите на наставниците во период од четири години, вели Јаневска

За следната учебна година ќе има учебници за секое дете, вели министерката Јаневска

Деканите на Сити Колеџ: Ние ги градиме идните лидери!

A1on

Трамп потпиша извршна наредба за распуштање на Министерството за образование

Јаневска објави: Нов закон за средно образование ќе има наскоро