Министерката за финасии повтори дека никого не навредила: Ќе стане јасно зошто се случуваа сите овие работи

Од:

Министерката за финансии Гордана Димитриеска – Кочоска денеска изјави дека за неа веќе е затворено прашањето поврзано со дебатата со Славјанка Петровска од СДСМ на седницата за пратенички прашања, посочувајќи дека за многу скоро на сите ќе им биде јасно зошто се случуваа сите тие работи. Повтори дека кога би погрешила би се извинила.

-Жалам што имаше таков дефокус во однос на тоа што јас го кажав од говорницата и како беше интерпретирано. Мислам дека неколку пати повикав на тоа луѓето да ја ислушаат целата комуникација во Собрание и самите да носат заклучоци. Во однос на извинувањето мислам дека својот став го кажав, кога би погрешила би се извинила. Воопшто немало тенденциозност ниту некаква намера, рече Димитриеска – Кочоска.

Посочи дека на седницата зборувала за трошоците на живот и врз основа на тоа не би сакала да коментира понатаму на таа тема.

-За мене како што кажав, тоа е затворено, но би замолила една работа. Граѓаните да бидат стрпливи, да почекаат малку. Времето ќе покаже кој бил во право, а кој не бил и зошто се случуваше сето ова. Оставете на времето, ве молам. За многу скоро ќе ви биде јасно на сите зошто се случуваа сите овие работи, рече министерката за финансии Димитриеска – Кочоска.

Министерката за финансии Димитриеска-Кочоска и деканот на Економскиот факултет Предраг Трпески потпишаа Меморанудм за соработка помеѓу Министерството за финансии и Економскиот факултет.

Би можело да ве интересира

Димитриеска-Кочоска: Голем е интересот за изградбата на брзата пруга од Коридорот 10

(ВИДЕО) Петровска до Николоски: Спроведовте ли надзор над општина Чаир за дивоградбите?

Димитриеска-Кочоска: Инвестициите остануваат приоритет

А1он

Димитриеска-Кочоска: Обезбедивме допонителни 600 милиони денари за инвестиции за локален развој и реализација на општинските проекти

Димитриеска- Кочоска: Од 1 јули намалување на царинската стапка кај 67 стоки кои се користат во домашната индустрија

Димитриеска-Кочоска за Договорот со Велика Британија: Се ќе биде согласно закон и транспарентно

А1он