Министерката Канческа-Милевска во посета на Турција

Од:

Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска која престојува во посета на Република Турција, денеска  во Истанбул ќе има средба со турскиот министер за култура и туризам Ертугрул Гунај.

Министрите ќе разговараат за можностите за продлабочување на соработката меѓу двете земји, а ќе ја потпишат и Програмата за културна соработка за периодот 2013-2015 година.

Исто така, предвидено е да биде потпишан и Договорот меѓу владите на двете земји за основање и за активностите на културните центри, со кој на Република Македонија и се дава простор во срцето на Истанбул, на улицата „Таксим“, објект кој е заштитен споменик на културата, а Турскиот културен центар ќе функционира во „Куршумли ан“, кој ќе биде комплентно конзервиран и реставриран од страна на Република Турција.

Со отворањето на овие два културни центри ќе продолжи соработката меѓу двете земји, но ќе се отворат и нови можности за презентација и размена на културни содржини.

Во Договорот, исто така, е прецизирана и можноста Република Македонија да користи и други културни објекти во Турција кои се под ингеренции на Министерството за култура на оваа земја.

Министерката за култура на универзитетот „Малтепе“ во Истанбул ќе присуствува и ќе се обрати на отворањето на првото издание на книжевниот фестивал посветен на хероите од романите.

На фестивалот, кој е во организација на Министерството за култура и туризам на Турција, најавено е присуството на повеќе министри за култура од регионот.

Би можело да ве интересира

Филмот „17“ на Косара Митиќ е македонски кандидат за Оскар

Предраг Петровиќ

Jazz Extravaganza – концерт на Емин, Шарески, Јосифовски и Петров

„Заедно за подобро утре“, хуманитарен концерт во Велес

„Охридско лето“ со четири џез-вечери отвора ново музичко поглавје

Украдените дела на Реноар, Сезан и Матис пронајдени по пет месеци во Италија

Предраг Петровиќ

Турската кинематографија во фокусот на „Бич филм фестивал Охрид“